Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја
Blog

Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја

Објавено November 6, 2024 11:48
Сподели
Сподели

Европските акции пораснаа во средата откако Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори и републиканците презедоа контрола над најмалку еден дом на Конгресот.

Паневропскиот индекс STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 1,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,03 отсто, на 8.257 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,13 отсто, на 19.475 поени, а париски CAC за 1,50 отсто, на 7.518 поени. Акциите на европските компании кои се занимаваат со обновлива енергија беа под притисок за разлика од оние споменати погоре. Претходно оваа година, Трамп рече дека ќе го запре развојот на морските фарми со ветерници.

Политиките на Трамп за имиграцијата, даноците и тарифите генерално се сметаат за инфлаторни, што може да доведе до повисоки каматни стапки во САД. И Волстрит е задоволен од победата на Трамп, па вчера по првите посигурни предвидувања за неговите добри резултати, Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq пораснаа за повеќе од еден процент. Утрово фјучерсите индекси се во пораст за повеќе од еден процент, па денеска се очекува натамошен силен раст на цените на акциите на најголемата светска берза. Цените на акциите паднаа на повеќето азиски берзи. Азискиот индекс MSCI беше во минус од 0,3 отсто во 9:30 часот.

Во исто време, индексот Никеи скокна за повеќе од 2,5 отсто на токиската берза, додека цените на акциите во Австралија пораснаа за 0,8 отсто. Во Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг тие паднаа меѓу 0,1 и 2,3 отсто. Цените на акциите паднаа на кинеските берзи бидејќи победата на Трамп предизвика загриженост, со оглед на тоа што Трамп воведе царини за увоз на кинески производи за време на неговиот последен претседателски мандат, а во актуелната кампања најави воведување царини од 60 или повеќе проценти за кинеските производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски му ја честита победата на Трамп: Со нетрпение очекувам да работам со мојот пријател Гренел за да ја унапредиме нашата заедничка визија
Следна Статија (Видео) Кривична против началник во МВР: ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(ВИДЕО) Сексуалните работници во Белгија од денеска имаат исти права како и другите вработени

Сексуалните работници во Белгија ќе добијат основни работнички права, вклучувајќи го и правото да одбиваат клиенти и да прекинат со…

December 1, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е ден за создавање можности за духовен развој, скорпији. Вашиот страстен, таинствен, интензивен, одлучен…

February 17, 2025
Blog

Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се усвојуваа документ важен за иднината на државата – „Стратегија Македонија 2030“, новата партиска парадигма…

December 6, 2025
Blog

Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози

Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?