Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Канаѓаните ги бојкотираат американските производи и ги откажуваат годишните одмори во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Канаѓаните ги бојкотираат американските производи и ги откажуваат годишните одмори во САД
СВЕТ

Канаѓаните ги бојкотираат американските производи и ги откажуваат годишните одмори во САД

Објавено February 5, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Сметам дека она што Доналд Трамп ѝ го прави на Канада е апсолутно одвратно“, рече Хјугет Бодоен.

Талкајќи низ супермаркет во Монтреал, 80-годишната жена застанала внимателно да ја проучи етикетата на пакувањето супа од кромид за да утврди дали е направено во САД.

Купувањето американски производи за неа, како и многу други, сега не доаѓа предвид, дури и ако тоа значи дека ќе мора да се одрече од нешто.

„Мораме да реагираме“, рече таа.

Трамп, кој овој месец триумфално се врати во Белата куќа, најави воведување царини од 25% на увозот од Канада, обвинувајќи ја Отава дека не прави доволно за сузбивање на илегалната имиграција и шверцот со фентанил.

Канадскиот премиер Џастин Трудо во понеделникот изјави дека американските царини, кои требаше да стапат на сила во вторник, ќе бидат одложени за 30 дена, откако му вети на Трамп дека ќе ги заостри безбедносните мерки на границата со САД, ќе назначи службеник за борба против фентанил и за сузбивање на перењето пари.

Но, во својата прва реакција, тој најави одмазднички царини, повикувајќи ги Канаѓаните да купуваат локално и да размислат да го поминат својот одмор во Канада наместо во САД.

Изгледа го послушаа. Неколку луѓе од различни градови со кои разговараше AFP пред да се објави суспензијата на санкциите рекоа дека ќе го направат токму тоа.

Памела Тенант, која живее во Онтарио, планирала да ја посети Јужна Каролина во март, но се предомислила, налутена од нападите на Трамп.

„Се плашам дека Американците на крај ќе поверуваат во она што го зборува Трамп“, вели таа. „Нѐ смета за лош сосед. На целиот свет му кажува дека сме лоши луѓе и дека ги искористуваме“, но тоа е „сѐ лага“.

На социјалните мрежи кружи список на американски производи што треба да се бојкотираат.

Неколку провинции, вклучително и Онтарио, која продава американски алкохолни пијалаци во вредност од 1 милијарда долари секоја година, соопштија дека веднаш ќе престанат да продаваат американско пиво, вино и алкохолни пијалаци во знак на протест.

„Не ја започнавме оваа битка, но ќе ја добиеме“, изјави во понеделникот премиерот на Онтарио, Даг Форд.

Бојкотот ќе има влијание врз американските производители и бизниси, но Канада сѐ уште е „релативно мал пазар“ за нив, така што ќе биде „првенствено симболичен“, вели Џулиен Фредерик Мартин, професор по економија на Универзитетот „Квебек“ во Монтреал.

Но, престанокот на пристигнувањето на канадските туристи „може да има значително економско влијание“ врз американските држави како Мејн, Флорида, Калифорнија и Аризона, рече Лорн Шихан, професор на Универзитетот „Далхози“, специјализиран за туризам.

САД се главната дестинација за одмор за Канаѓаните. Во 2023 година беа направени повеќе од 25 милиони посети за работа, одмор или шопинг.

И канадските навивачи изразија гнев, исвиркувајќи ја американската химна на НХЛ хокеј натпреварот на Отава Сенаторс против Минесота Вајлд, како и на кошаркарскиот НБА натпревар на Торонто Репторс против Лос Анџелес Клиперс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заменик претседателката на СДСМ добила повеќе од еден милион долари oд УСАИД во периодот на Шарената револуција
Следна Статија (Видео) Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Си-ен-ен“: По разговорот на Трамп со Путин, мирот во Украина изгледа подалечен

Толку многу за „силата на личноста“ на Доналд Трамп што треба да го натера рускиот претседател Владимир Путин да докаже…

May 20, 2025
СВЕТ

Уапсен e мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме (ВИДЕО)

Мажот кој вчера наутро се качи на долниот дел на кулата Елизабета на која се наоѓа Биг Бен во Вестминстер,…

March 9, 2025
СВЕТ

КЛИНТОН ВОДИ НА ЛИСТАТА: Објавени се пензиите на поранешните претседатели на САД, заработка дури до 35 милиони долари

Поранешните претседатели на САД уживаат специфични привилегии и бенефиции кои им овозможуваат да продолжат да живеат удобен живот по завршувањето…

April 11, 2025
СВЕТ

Сијарто до Зеленски: Престанете со заканите и нападите врз унгарската енергетска безбедност

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ја критикуваше Украина поради нападите врз руските нафтоводи преку кои се снабдува…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?