Касами до ДУИ: Ќе има ли ноќна стража пред американската амбасада во Скопје, откако го „зацрнија“ Груби?

- Advertisement -

„Ќе правите ли сега ‘Ноќни стражи’ и пред амбасадата на САД во Скопје, откако ви го ставија Артан Груби во ‘црната листа’ и го прогласија како „непожелна личност’?! Вие, кои сте потонати во корупција, ќе правите ли и натаму шоу, за да ја покриете таа корупција и да се спасите себеси?!“ – со оваа провокација кон Али Ахмети и неговите сопартијци и поранешни функционери се огласи преку фејсбук Билал Касами, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, од коалицијата Вреди.

Касами во објавата на својот фејсбук-профил пишува: Беше потврдено со печат и од нашите стратегиски партнери дека многу функционери се потонати во корупција. САД го прогласија Артан Груби како „непожелна личност“ („персона нон грата“). Ова е уште еден доказ дека од ДУИ прават шоу, за да се спасат себеси од секој случај.

Сега се обидуваат и со тендите да ја покријат корупцијата! Но, сепак воопшто не е доцна за албанскиот јазик. А сега ќе прават ли од ДУИ „Ноќни стражи“ и пред амбасадата на САД во Скопје?!

Наздравје, Артан!

Сподели ја оваа статија