Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески
ЕКОНОМИЈА

Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески

Објавено December 4, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Новогодишната кошничка се подготвува, ќе има значителни намалувања, со цел да се заштити стандардот на граѓаните, најави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања. Тој кажа дека деталите за производите, за намалувањата ќе бидат сооопштни на прес-конференција.

Се знае дека кошничката е при крај, ќе има повеќе стотина производи, сигурно повеќе од претходната „есенската кошничка“ и мислам дека ќе бидат задоволни граѓаните од производите мои ќе бидат понудени во таа кошничка. Ќе има значителни намалувања коишто ќе бидат позитивна мерка во однос на заштита на стандардот на граѓаните, задржување на стабилност на цените, стабилен процент на инфлацијата којашто засега е на задоволително ниво, рече заменик министерот.

Вакви мерки владата ќе спроведува и во иднина, дополни Ристески, особено околу празниците, кога е евидентирана најголема потрошувачка. Во оваа кошничка како што соопшти ќе бидат опфатени традиционални производи, храна и пијалаци за празниците, пред и после Нова година. Кошничката е направена со претходна детална поопсежна анализа во која учествувале стопанските комори, синдикатите, организација на заштита на потрошувачите.

И да најавам дека оваа кошничка ќе биде многу поразлична од претходните во начинот на определување на производите, кажа заменик министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека во наредниот период, по кошничката во зависност од условите ќе се разгледуваат решенија за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките кои ќе се предложат ќе бидат во насока на стабилизација на цените и подобрување на животниот стандард. Влијание ќе има и општествената одговорност на фирмите, маркетите, увозниците, производителите …

Ако ги прашате економските експерти ќе ви кажат дека не е добро да се преземаат мерки и директно да се мешаме во бизнисот, во понудата и побарувачката на пазарот. Меѓутоа кога во услови во државата имаме стабилна и ниска инфалција во услови кога претходно имаме намалување на енергенсите, намалување на транспортните трошоци и дел од суровините, бевме сведоци дека во претходните период и години имавме драстично зголемување на цените на производите. Со тоа, бевме предизвикани да направиме вакви мерки во кои беа и овие кошнички коишто беа спроведени во претходниот период и што ќе ги има во наредниот период и како што кажав на почетокот дел од нашата иницијатива за продуцирање вакви мерки е пред сè подобрување на животниот стандард, стабилизација на цените на производите и стабилизација на инфлацијата. Ќе видиме како ќе се движат цените во наредниот период, да видиме колку ќе покажат општествена одговорност, самите фирми, производители, добавувачи, увозници, маркети, од сето тоа ќе зависат и идните мерки или носење идни законски решенија, предложени од министерството за економија, донесени од владата, рече Ристески.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение
Следна Статија (Видео) Сите гледаат во нозете на Путин: „Тој се бори да ја одржи контролата“, се огласи и Кремљ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски

Компаниите од земјава кои се дел од странски корпорации, а остваруваат приход над 10, а профит поголем од 1 милион…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави

Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во…

August 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?