Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се произведува првoто вселенско јапонско саке, а ќе чини 100 милиони јени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќе се произведува првoто вселенско јапонско саке, а ќе чини 100 милиони јени
ЗАБАВА

Ќе се произведува првoто вселенско јапонско саке, а ќе чини 100 милиони јени

Објавено December 22, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Јапонски производител на виното од ориз ќе се обиде да го произведе првото вселенско саке во светот, и тоа само едно шише, а приходите од продажбата 100 милиони јени (613.000 евра) ќе ги донира на домашните компании за развој на вселенската технологија, објавија јапонските медиуми.

Компанијата „Asahi Shuzo“ во префектурата Јамагучи неодамна соопшти дека планира да ферментира ориз и други суровини што се користат за производство на саке на Меѓународната вселенска станица.

Нивната цел е да ги испратат состојките во орбитата на крајот на 2025 година.

Идејата е да се создаде саке под претпоставка дека ќе има побарувачка за алкохол ако луѓето почнат да живеат на Месечината уште во 2040-те, објаснуваат тие.

Во 2022 година, „Mitsubishi Heavy Industries“ ѝ пристапи на пиварницата, позната по брендот на сакето „Dassai“, за правење саке во вселената. Тие сега работат на правење апаратура за подготвка на пијалакот која ќе ја испратат во Кибо, јапонски експеримент модул создаден специјално за Меѓународната вселенска станица.

Во Кибо ќе се рекеира гравитацијата на површината на Месечината, приближно една шестина од гравитацијата на Земјата, а пиварницата ќе го следи процесот на ферментација од Земјата.

Околу 520 грама нерафинирано саке ферментирано во вселената ќе бидат вратени на Земјата, а потоа рафинирани и истурени во шише од 100 милилитри како „Dassai Moon Uchujozo“, преведено како „… вселенски пијалок“, објави пиварницата чие седиште е во западна Јапонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно
Следна Статија Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската

Споделувањето на десертот може да го зајакне чувството на блискост во љубовта, посочува ново истражување објавено во американското научно списание…

February 25, 2025
ЗАБАВА

Недопрени останки од бебе мамут стари 50.000 години откриени во Сибир

Руските научници спроведуваат тестови на млад мамут чиишто неверојатно добро сочувани остатоци се откриени во стопен вечен мраз по повеќе…

December 26, 2024
ЗАБАВА

Сите Марио игри на попуст за време на Црн Петок во 2025 година

Дознајте повеќе за сите Марио игри кои ќе бидат на попуст за време на Црн Петок 2025, вклучително и кои…

November 28, 2025
ЗАБАВА

Се верува дека 1 јануари ја одредува целата година, а еве како да привлечете среќа

Денот на Нова Година е многу повеќе од само датум во календарот; тоа е момент кој симболизира нов почеток, надежи,…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?