Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас
ПОЛИТИКА

Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас

Објавено January 23, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на Македонија да ги испорача реформите, меѓутоа постои голем моментум во процесот на проширување што треба да го искористите, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас по посетата на Куманово.

-Во Бугарија има нова Влада, тоа е факт, и ги видовме пораките што се разменија за честитки за новата влада, ние го поздравуваме ова. Од наша страна како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на земјата да ги имплементира реформите. Како што кажав, постои голем моментум и голема можност во процесот на проширување, треба да се искористи тој моментум, рече Рокас, во одговор на новинарско прашање дали по изборот на нова влада во Софија, се очекува Македонија и Бугарија да седнат на маса за решавање на проблемот и дали ЕУ би се нашла во улога на медијатор во тој процес.

Рокас потсети дека постои интензивна дипломатска активност за евроинтеграциите на земјава.

-Премиерот веќе на двапати беше во Брисел во декември, така што има интензивна дипломатска активност во овој момент, меѓутоа, паралелно со овие дипломатски напори за надминување на прашањето со Бугарија нашиот фокус ќе биде да се фокусираме на спроведување и испорака на реформите кои исто така произлегуваат од Реформската агенда која неодамна беше усвоена од вашата Влада, нагласи евроамбасадорот.

Во поглед на очекувањата за Западен Балкан со стапувањето на новата американска администрација, Рокас вели дека секоја иницијатива за унапредување на патот кон ЕУ е добредојдена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до ракометарите: Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација
Следна Статија Овој политичар добил рецепт од доктор за неограничено консумирање алкохол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски најавува избори

Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство

Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата…

April 8, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави една од најиновативните и најхрабри еколошки иницијативи во Македонија –…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?