Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќерка ја удирала мајка си со чекан додека спиела – Обвинение за обид за убиство во Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ќерка ја удирала мајка си со чекан додека спиела – Обвинение за обид за убиство во Кавадарци
ХРОНИКА

Ќерка ја удирала мајка си со чекан додека спиела – Обвинение за обид за убиство во Кавадарци

Објавено December 5, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост.

– Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото, соопшти Јавното обвинителство.

Согласно извршените вештачења, како што се наведува во соопштението, е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.

– Бидејќи се уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата, информираат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Изложена најскапата елка во Европа, вреди над пет милиони евра
Следна Статија Тирана и Приштина новогодишно украсени, Скопје станува како касаба од ден на ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба

Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово, наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето…

August 9, 2025
ХРОНИКА

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години…

December 15, 2025
ХРОНИКА

Малолетник со нож избодел дете во Кочани

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?