Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје
СПОРТ

Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

Објавено December 24, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Вчера беа доделени престижните награди за најуспешните спортисти, спортистки и тренери за 2024 година.

Централно место на настанот зазеде прогласувањето на Бобан Илиоски за најуспешен спортист во сениорска категорија, чест која ја заслужи благодарение на своите врвни спортски достигнувања.

Илиоски, член на кикбокс клубот „Шампион“, по вторпат ја освои оваа престижна награда, потврдувајќи ја својата доминација во сениорската конкуренција.

Неговиот успех беше проследен со одлични резултати на останатите спортисти, при што на второто место се најде атлетичарот Дарио Ивановски, а третото место го освои шахистот Тони Лазов.

За најуспешен тренер на Град Скопје за 2024 година беше прогласен Дејан Митровски, исто така од Кик-бокс клубот „Шампион“, што уште еднаш го потврдува високото ниво на професионалност во овој клуб.

Во категоријата спортисти со инвалидност, наградата за најуспешен спортист ја доби Стоилко Стоицев од Планинарскиот клуб „Македон“.

Град Скопје уште еднаш го потврди својот статус како град на спортот, прославувајќи ги успесите на своите спортисти и тренери кои го поставуваат градот на спортската мапа на Европа и светот.

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се:
Бобан Илиоски – Кик бокс клуб Шампион
Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри
Михаела Мишовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
Стефан Михајловски – Кик бокс клуб Прокик Фемили
Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол
Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Клинтон хоспитализиран
Следна Статија Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трајковски во финалето во скок во далечина на ЕП

Забележан е историски успех за македонската атлетика, откако Андреас Трајковски се пласираше во финалето во скок во далечина на Европското…

March 7, 2025
СПОРТ

Ониe кои гледаа во детството ќе се сетат на Сабу: Почина најпознатиот американски кечер

Познатиот борец во американското борење, Сабу, почина на 60-годишна возраст. Легендарниот Тери Бранк почина само 25 дена по неговата последна…

May 12, 2025
СПОРТ

Меси постави нов рекорд во МЛС (ВИДЕО)

Интер Мајами ја забележа својата петта победа во низа во МЛС откако славеше против Нешвил со 2-1. Благодарение на победата,…

July 13, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ загуби од 204-тиот светски тенисер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Валентин Вашеро од Монако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 3:6 и 4:6.…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?