Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја
СВЕТ

Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Објавено November 22, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се соочил со такви ризици од нуклеарна војна како сега, објави во петокот државниот медиум КЦНА.

„Никогаш досега завојуваните страни на Корејскиот полуостров не се соочиле со толку опасен и акутен конфликт што може да ескалира во најразорната термонуклеарна војна“, рече Ким во говорот на изложбата на оружје во Пјонгјанг во четвртокот.

„САД имаат агресивна и непријателска политика“

Тој исто така рече дека од неговото претходно искуство во преговорите со Вашингтон, добил само дополнителна потврда за неговата „агресивна и непријателска“ политика против Пјонгјанг.

Во преговорите со САД веќе отидовме колку што можевме, но она во што се уверивме од резултатите не е подготвеноста на суперсилата за коегзистирање, туку нејзиниот фундаментален однос на моќ и нејзината агресивна и непријателска политика кон нас, која никогаш не може да се промени“, рече Ким, а пренесе КЦНА.

За време на првиот мандат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, тој и Ким одржаа три средби во Сингапур, Ханој и на корејската граница во 2018 и 2019 година. Но, нивните дипломатски напори не постигнаа конкретен исход поради разликите меѓу американските повици за Северна Кореја да се откаже од своето нуклеарно оружје и барањата на Ким за укинување на санкциите, потсетува Ројтерс.

Трамп долго време ги промовираше своите врски со Ким, велејќи минатиот месец дека двете земји „би имале нуклеарна војна со милиони убиени луѓе“, но ја спречил благодарение на нивната врска.

Севернокорејските државни медиуми сè уште јавно не го спомнаа реизборот на Трамп за претседател на САД.

Во говорот во четвртокот, Ким повика на развој и надградба на оружјето до „ултрамодерно“ и вети дека ќе продолжи да ги подобрува одбранбените способности за да ја зајакне стратешката позиција на земјата, објави КЦНА од настанот на кој беа претставени стратешкото и тактичкото оружје.

Последниот говор на Ким дојде во време на меѓународна критика за продлабочување на воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва, при што Северна Кореја испрати повеќе од 10.000 војници во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина.

Минатата недела, Ким ја повика својата војска да ги подобри способностите за војување, обвинувајќи ги САД и нивните сојузници за поттикнување на тензиите до „најлошата фаза во историјата“, нарекувајќи го Корејскиот полуостров „најголемо жариште на светот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП
Следна Статија Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука

Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот…

May 29, 2025
СВЕТ

Линијата на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам „Старлинк“

Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека сателитскиот систем „Старлинк“ е столбот на украинската армија, додавајќи дека целата линија на фронтот…

March 9, 2025
СВЕТ

Интервју на Такер Карлсон со Трамп! Камала е „глупава како карпа“, а овој „сојузник“ насилно го плукаа демократите

Доналд Трамп изјави дека Илон Маск и Роберт Кенеди Џуниор би можеле да бидат „влијателни личности“ во неговата втора администрација…

November 2, 2024
СВЕТ

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?