Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Објавено February 4, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор на американските царини, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.

Дополнително, ќе се применат 10 отсто царини за нафта и земјоделски машини увезени од САД. Овие мерки стапуваат во сила на 10 февруари, јави ДПА.

Пекинг исто така најави антимонополска истрага против американскиот технолошки гигант Гугл.

Американските царини од 10 отсто за сите кинески увозни производи влегоа во сила веднаш по полноќ по вашингтонско време (05:00 GMT), откако претседателот Доналд Трамп ги нареди мерките во саботата.

Царините за стоки од Канада и Мексико, исто така најавени од Трамп, беа привремено суспендирани најмалку на еден месец пред воопшто да стапат во сила, по постигнување договори меѓу САД и нивните соседи. Засега нема таков договор со Кина.

Вчера Трамп изјави дека разговори со кинеската страна ќе се одржат во рок од 24 часа.

Трамп победи на претседателските избори во ноември со ветување за високи царини на странските производи. Тој веќе воведе неколку трговски давачки за време на својот прв мандат од 2017 до 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените
Следна Статија (Видео) Шакира го прослави освојувањето на Греми со своите синови: таа им се обрати и на имигрантите во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Канада и’ даде дозвола на Neuralink на Маск за чипирање човечки мозоци

Компанијата на Маск, Neuralink, започнува со клинички испитувања на импланти на мозочни машини на квадриплегичари во Канада. По првите клинички…

November 22, 2024
СВЕТ

(Видео) Хутите испукаа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска…

September 25, 2025
СВЕТ

Маск: Британија оди во целосен сталинизам

Илон Маск ја продолжи својата расправија со британската влада обвинувајќи ја дека навлегла во тотален сталинизам со зголемување на данокот…

November 19, 2024
СВЕТ

Што знаеме за новата руска ракета „Орешник“?

Новата руска ракета „Орешник“ брзо стана фокус на големо меѓународно внимание. Најавена од рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, ова…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?