Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените
СВЕТ

Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените

Објавено February 4, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Околу илјада луѓе се собраа синоќа пред седиштето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на гласен протест откако претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск од Одделот за ефикасна влада (ДОГЕ) забранија влез на вработените во седиштето на агенцијата.

На протестот се придружија и неколку членови на Конгресот како сенаторите од Мериленд Крис Ван Холен и Џејми Раскин кои споделуваа информации за тоа што се случува со УСАИД. Тие изјавија дека влезот во седиштето бил затворен и заграден со жолта лента, и дека  биле одземени компјутерските сервери додека веб-страницата на УСАИД е исклучена, а исплатите за некои договорни изведувачи запрени.

Демократите го обвинуваат Маск за „демонтажа“ на агенцијата.

Според законодавците, ваквите постапки се незаконски, скандалозни и неуставни. Тие истакнаа дека агенцијата била создадена со акт на Конгресот кој одлучува дали треба да биде затворена или не.

-Како член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, го повикувам претседателот Трамп и неговиот државен секретар Марко Рубио да престанат со оваа глупост и да го почитуваат законот. Неразумните постапки на претседателот Трамп и Илон Маск за затворање на вратите на УСАИД се срамни, збунувачки и продолжение на произволните чистки на оваа администрација против долготрајните владини напори за помош на најранливите луѓе во светот, изјави Квеси Мфуме, демократки член на Претставничкиот дом.

Белата куќа и Маск се соочени со судски тужби од неколку организации за заштита на федералните работници. 

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.

Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.

Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Речиси 330.000 луѓе потпишаа петиција за затворање на Инстаграмот на Јелена Карлеуша
Следна Статија Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон. Предлог-законот…

July 19, 2025

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
СВЕТ

Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“. Фестивалските прослави…

March 20, 2025
СВЕТ

Првата жена што леташе околу Месечината: „Сè уште не сум подготвена да си одам дома“

Астронаутката Кристина Кох, која денес стана првата жена во историјата што заврши лунарна орбита, му рече на администраторот на НАСА,…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?