Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Објавено February 4, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор на американските царини, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.

Дополнително, ќе се применат 10 отсто царини за нафта и земјоделски машини увезени од САД. Овие мерки стапуваат во сила на 10 февруари, јави ДПА.

Пекинг исто така најави антимонополска истрага против американскиот технолошки гигант Гугл.

Американските царини од 10 отсто за сите кинески увозни производи влегоа во сила веднаш по полноќ по вашингтонско време (05:00 GMT), откако претседателот Доналд Трамп ги нареди мерките во саботата.

Царините за стоки од Канада и Мексико, исто така најавени од Трамп, беа привремено суспендирани најмалку на еден месец пред воопшто да стапат во сила, по постигнување договори меѓу САД и нивните соседи. Засега нема таков договор со Кина.

Вчера Трамп изјави дека разговори со кинеската страна ќе се одржат во рок од 24 часа.

Трамп победи на претседателските избори во ноември со ветување за високи царини на странските производи. Тој веќе воведе неколку трговски давачки за време на својот прв мандат од 2017 до 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените
Следна Статија (Видео) Шакира го прослави освојувањето на Греми со своите синови: таа им се обрати и на имигрантите во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска повторно го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ширење на шумските пожари…

January 9, 2025
СВЕТ

Медведев: Можна дополнителна анексија на украинска територија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја истакна можноста за натамошна анексија на територија во Украина, објави во саботата германската новинска…

December 15, 2024
СВЕТ

ВИДЕО: Трагедија во Турција – Шестмина загинати откако се преврте автобус, 25 повредени

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога туристички автобус се преврте во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус, од засега…

October 18, 2024
СВЕТ

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?