Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кинезите го градат најголемиот аеродром на светот на вештачки остров- целта е преку него да поминат 80 милиони луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кинезите го градат најголемиот аеродром на светот на вештачки остров- целта е преку него да поминат 80 милиони луѓе
СВЕТ

Кинезите го градат најголемиот аеродром на светот на вештачки остров- целта е преку него да поминат 80 милиони луѓе

Објавено December 22, 2024 12:58
Сподели
Сподели

Кинезите на североистокот на земјата го градат најголемиот аеродром во светот, кој се наоѓа на вештачки остров. Станува збор за меѓународниот аеродром Далиан Џинжу Беј, кој кога ќе биде изграден на вештачки остров со површина од 20 квадратни километри, ќе има четири писти и патнички терминал од 900.000 метри квадратни, посочуваат од аеродромите.

Целта е низ него да поминат 80 милиони патници со 540.000 летови, а првата фаза треба да биде завршена во 2035 година.

Најголемиот крајбрежен аеродром во земјата полека се издигнува над морското ниво додека сонцето изгрева на исток“, се вели во објава на меѓународниот аеродром Далијан Џинжу Баи на кинеската социјална мрежа WeChat, пренесе Си-Ен-Ен.

Кога ќе биде завршен, тој ќе биде најголемиот аеродром во светот изграден на вештачки остров, надминувајќи го аеродромот во Хонг Конг како и аеродромот Кансаи во Јапонија.

„Имаше големи предизвици во изградбата“, рече Ли Ксијанг, главен инженер за градба и развој на аеродромот Далиан, за државните локални медиуми во октомври, поради сложените геолошки услови, како и високите барања за квалитет на изградбата оптоварена со рокови. .

Далиан, град со 7,5 милиони жители, отсекогаш бил сообраќаен центар поради неговата близина до Јапонија и Јужна Кореја.

Поттик за изградбата беше фактот што градскиот меѓународен аеродром Далиан Жоушуизи, кој работи речиси еден век, веќе го достигна својот максимален капацитет, поради што во последните години неколку пати беше прошируван, посочуваат кинеските деловни медиуми

Инаку, градот почнал да ја избира локацијата и да работи на новиот аеродром уште во 2003 година, но изградбата започнала пред само неколку години, јавуваат локалните државни медиуми.

Новите аеродроми се клучен дел од развојот на кинеската авијација, а земјата е на пат да ги надмине САД и да стане најголемиот пазар на авиосообраќај во светот.

На свеченото отворање на вториот аеродром во Пекинг, Дашинг, на 1 октомври 2019 година, на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, кинеските власти изјавија дека на земјата ќе и бидат потребни 450 аеродроми до 2035 година за да ја задоволи растечката побарувачка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Позната манекенка со бујни облини позираше за луксузен бренд за долна облека
Следна Статија Нуркачите од „Амфора“ традиционално ја накитија подводната елка во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Америка сака да го купи Гренланд: Колку би чинело тоа?

Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителни годишни исплати…

April 15, 2025
СВЕТ

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Европската Унија подготвува 21. пакет санкции против Русија, насочен кон дополнително слабеење на руската воена економија и ограничување на приходите…

June 9, 2026
СВЕТ

Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска

Во неколку европски градови се уапсени 30 лица вмешани во кинески синџир за трговија со луѓе во Шпанија и во…

January 27, 2025
СВЕТ

Кенеди Јуниор кивна на прес конференција, Трамп: Се надевам дека тукушто не се заразив со ковид (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува за време на прес-конференцијата откако министерот за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?