Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Објавено January 25, 2025 21:54
Сподели
Сподели

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ за негова оставка, посочувајќи дека партијата нема кредибилитет да повикува на одговорност.

-СДСМ, чиј лидер Венко Филипче не понесе одговорност за живо изгорени пациенти, сега бара одговорност, јас сметам дека нема никаков кредибилитет за тоа. Само би потсетил дека во нивниот мандат се случи најголемата злоупотреба посебно на скапите лекови на Онкологија, една девастирачка ситуација која се уште има последици. И не, нема да поднесам оставка, бидејќи ниту со чинење или нечинење не сум придонел ништо во оваа ситуација. Напротив, и јас, односно Фондот и Клиниката, директорот, раководството и целиот персонал, напорно работиме да се надмине наследената ситуација. Да потсетам дека после седум години девастација, ова раководство е актуелно само шест месеци, рече Клековски.

Во однос на новонастанатата ситуација на Клиниката за онкологија, за недостигот на биолошка терапија, појасни дека од 5 илјади пациенти само една мала група се со недостиг на одредена терапија и оти работат на отстранување на тој недостаток.

-Директорот ја наследи Клиниката за онкологија со 12 милиони евра долг и со сите оние проблеми кои допрва ќе излегуваат во јавноста. Во овие шест месеци Фондот обезбеди дополнителни пет милиони евра за санација на финансиската состојба. Уште еден доказ дека не бегам одговорност е тоа што и јас и директорот сме достапни пред медиумите и јавноста и не се криеме туку сме тука да одоговориме на вашите прашања, рече Клековски.

Истакна дека тоа што сакаат да го надминат, е со детално планирање на Клиниката, да видиме кој лек има можност да се набави со анекс на постоечките договори, кој лек да се набави со донација додека се организира набавка, а за некои лекови, како што вели, ќе направат непосредни спогодби со производителите, а не со веледрогериите.

Вели дека ЈО треба да се произнесе за работењето на Онкологија во изминатите седум години, бидејќи, како што вели, без расчистување на минатото, тешко може да се помести состојбата нанапред.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – сабота, 25 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на обуката организирна од фондацијата „Конрад Аденауер“

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христија Мицкоски, пренесе…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден активен пожар во кратовско Соколица, четири се под контрола

Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 12:00…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?