Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити
ПОЛИТИКА

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Објавено November 4, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

-Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа само е трошок за државата и губење време, рече Меџити во одговор на новинарско прашање при денешната посета на депонијата Дрисла во Скопје.

Тој нагласи дека организирањето предвремени избори не е добро, бидејќи најмалку шест месеци пред и после изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања.

-Тоа влијае многу на економијата и на бизнисот. Затоа мислам дека нема да бидат среќни да има предвремени избори тие што сакаат да работат, односно бизнисот во оваа држава, потенцира Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поевтинуваат горивата
Следна Статија Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24,  дискутираше за актуелните прашања во врска со европските интеграции…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ до новиот шеф на ДКСК: Има криминал од 9 милиони евра, треба да се постапи!

СДСМ денеска го потсети новоизбраниот претседател на ДКСК, Адем Чучуљ, за корупцискиот скандал од 9 милиони евра и го повикува…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?