Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?
ЗАБАВА

Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?

Објавено October 27, 2024 09:30
Сподели
Сподели

Денеска се слави празникот Света Преподобна Параскева, позната и како Света Параскева и како Мајка Параскева. Култот кон оваа светица кај нас обично е прославен кај жените, а се смета и за еден од потешките празници.

Света Петка била родена кон крајот на X век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота), па затоа родителите ѝ го дале името Параскева, што значи подготовка.

Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка имале уште еден син, Ефтимиј, кој се замонашил и станал епископ Малитски.

По смртта на родителите Петка го напуштила домот на родителите и отишла најпрво во Цариград, а потоа и во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост.

Петка водела долг живот во пустината, каде деновите ги поминувала во молитва.

На иконите на коишто е прикажана Света Петка, најчесто стои написот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“.

Овој ден се смета за тежок празник, па христијанските верници сметаат дека задолжително треба да се оди во црква, да се запали свеќа, а често се носат и дарови во вид на масло за јадење, облека и слично.

Исто така, во некои краишта постои уште еден обичај, познат како „петолебие“ кога во црква се носат пет леба. Ова се прави во чест на настанот од Библијата кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе.

Петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се враќа на верникот, а другите 4 остануваат во црквата.

Се верува дека на овој празник треба да се воздржуваме од тешка, физичка работа и денот да го посветиме на молитва.

Куќната слава посветена на оваа светица уште се нарекува и „Петковден“.

Инаку се верува дека ако Света Петка ви се појави на сон како жена во црно со крст, таа доаѓа за да ве утеши и да ви донесе убави вести, или пак за да ве предупреди да промените некои лоши навики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години
Следна Статија Пронајдена салмонела:Хрватска повлекува производ од маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На 22 ноември, 3 знаци влегуваат во среќен период: Сонцето ќе влезе во Стрелец

Сонцето, планетата на виталноста, влегува во Стрелец на 22 ноември, означувајќи го почетокот на сезоната на овој огнен знак. Сонцето…

November 15, 2025
ЗАБАВА

Панчо од ДНК не сака да биде номиниран за Маж на годината: Не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА

Музичарот Владимир Блажев Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде…

November 19, 2024
ЗАБАВА

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две…

August 1, 2025
ЗАБАВА

Богат бизнисмен платил плус 10 милиони долари на сопругата за развод откако му ја открила тајната сметка

Богат бизнисмен ќе биде принуден да и плати на сопругата дополнителни 10 милиони долари за развод откако таа ја откри…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?