Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој беше Костас Симитис: Прв грчки премиер што дојде во Скопје, се залагаше да се најде прифатливо решение за името
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Кој беше Костас Симитис: Прв грчки премиер што дојде во Скопје, се залагаше да се најде прифатливо решение за името
БАЛКАН

Кој беше Костас Симитис: Прв грчки премиер што дојде во Скопје, се залагаше да се најде прифатливо решение за името

Објавено January 5, 2025 17:20
Сподели
Сподели

На 88-годишна возраст утрово ненадејно почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК Костас Симитис, кој за време на неговите два мандати ја внесе земјата во еврозоната. Тој, воедно беше и првиот грчки премиер што во 2000 година го посети Скопје за Конференцијата на балканските земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Симитис беше премиер во периодот од јануари 1996 до март 2004 година, а меѓу најважните успеси е членството на Грција во еврозоната, додека неговиот осумгодишен премиерски мандат беше поврзан и со големите инфраструктурни проекти за подготовка на Олимписките игри во Атина во 2004 година и интеграцијата на Кипар во Европската унија.

На крајот од октомври 2000 година, како премиер на Грција го посети Скопје за време на Конференцијата на балканските земји и се сретна со тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, а според натписите во медиумите од тој период, претседателите на двете влади, тогаш интензивно разговарале за постигнување решение за името, додека „Република Горна Македонија“, бил предлогот што бил на маса.

Како поранешен премиер, тој често ја истакнуваше потребата за изнаоѓање решение на спорот меѓу двете земји, меѓутоа за Договорот од Преспа, при еден од неговите говори во Солун рече дека „проблемот требаше да се реши, но решението не е задоволително“.

Симитис во Грција се сметаше за умерен политичар и е меѓу најважните премиери на земјата.

Во неговата политичка кариера, пред да стане премиер, беше министер за финансии, за трговија, за образование, за индустрија и енергија, додека пак речиси 24 години (од 1985 до 2009) беше пратеник во грчкиот Парламент.

Симитис, според грчките медиуми, немал здравствени проблеми, синоќа пристигнал во неговата викендичка на Пелопонез, додека пак рано утрово во бесвесна состојба со возило на брза помош бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.

Пораки со сочувство упатија грчката претседателка, грчкиот премиер, лидерот на ПАСОК, како и претседателите на опозициските партии, а со одлука на Владата ќе биде прогласена четиридневна национална жалост.

Мицотакис во писмената изјава рече дека „со тага и почит“ се збогува со Костас Симитис, „премиерот кој ја придружуваше Грција во нејзините големи национални чекори: влезот во еврозоната и еврото и влезот на Кипар во Европа, личност која, несомнено, остава свој белег на настаните во земјата во последните децении

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот
Следна Статија Малолетник заврши во болница поради петарди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб

Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“. Полицијата ја опколила областа, а…

November 23, 2024
БАЛКАН

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Хрватска до крајот на годинава ќе ја постави правната рамка за темелно воено оспособување. Воениот рок ќе трае два месеци.…

April 18, 2025
БАЛКАН

Додик: Мојата главна цел е независна Република Српска

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денес во Бања Лука изјави дека неговата главна цел е независна…

February 1, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Пукотница пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати

Пред израелскиот конзулат во Истанбул утринава избувна пукотница, при што три лица се убиени, меѓу нив и двајцата осомничени кои…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?