Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку време треба да поминете на сонце за да добиете доволно витамин Д?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Колку време треба да поминете на сонце за да добиете доволно витамин Д?
ЗДРАВЈЕ

Колку време треба да поминете на сонце за да добиете доволно витамин Д?

Објавено January 13, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Изложувањето на сонце е од клучно значење за здравјето на луѓето бидејќи е еден од главните извори на витамин Д, кој е неопходен за различни функции во телото.

Сепак, исто така е важно да се најде рамнотежа бидејќи прекумерното изложување на сонце може да го зголеми ризикот од рак на кожата и други проблеми.

Затоа многу луѓе ќе се запрашаат колку време всушност е потребно за да се внесе доволно витамин Д. Имено, оптималното време на изложување на сончева светлина зависи од повеќе фактори.

Луѓето со посветла кожа имаат тенденција да произведуваат витамин Д побрзо од оние со потемна кожа. Генерално се препорачува луѓето со светол тен да поминуваат помеѓу 10 и 30 минути на сонце неколку пати неделно.

Во областите поблиску до екваторот, каде што интензитетот на сонцето е поголем, потребно е помалку време за да се добијат доволни количини на витамин Д. Спротивно на тоа, на повисоки географски широчини или во текот на зимата, може да биде потребно повеќе време на отворено.

Производството на витамин Д е најефикасно кога сонцето е на највисоката точка, која обично е помеѓу 10 и 15 часот. Во овие часови се препорачува кратко изложување, помеѓу 10 и 30 минути во зависност од типот на кожата.

Патем, витаминот Д игра клучна улога во здравјето на коските, имунолошкиот систем и регулацијата на расположението. Главниот извор на витамин Д е изложувањето на сончева светлина, што и овозможува на кожата да го синтетизира овој витамин.

Без доволно витамин Д, луѓето може да доживеат слабост на коските, зголемен ризик од инфекции и ментални проблеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ за укинувањето на факт чекерите: Tрамп е решен да го промени светот
Следна Статија Родителите на Коста Кецмановиќ: Сам решил да го изврши злосторството, ние не влијаевме ниту знаевме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе…

March 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците.…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе

Планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, се одржа вчера во Скопје.…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?