Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија
ЕКОНОМИЈА

Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија

Објавено December 14, 2024 13:18
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со што, како што вели, Македонија ќе стане една од водечките држави во регионот.

– Мислам дека тоа што го ветувавме го испорачавме, а и повеќе од тоа. Продолжуваме со активностите. Очекувам директните странски инвестиции на крајот на оваа година да бидат повеќе од 1 милијарда евра. Особено овој процес се задвижи во трет и во четврт квартал и очекувам да бидеме водечки по глава на жител во регионот, односно да се вратиме онаму каде што бевме пред 7 – 8 години и да продолжиме пожестоко и помотивирано да работиме – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.

Премиерот додаде дека што се однесува до директни странски инвестиции во изминатите неполни 6 месеци, колку што е на власт новата Влада, ставен е камен темелник, привршуваат преговорите или се завршени со странски инвеститори за инвестиции, во вредност поголема од 700 милини евра, кои ќе обезбедат отприлика нови 2.800 работни места.

– Тоа е директниот инпакт, но очекуваме индиректниот да биде најмалку уште толку во делот на компаниите кои ќе соработуваат со овие странки инвеститори – рече македонскиот премиер.

Тој најави дека тука – на тромеѓето меѓу Штип, Карбинци и Радовиш – се очекува, кон крај на јуни и на почеток на јули, да почне и изградба на ветерниот парк кој ќе произведува електрична енергија која што е „со капацитет од 20% од вкупното консумирање на државата“.

Тој потсети дека вчера во Кичево била најавена нова инвестиција која во одреден момент, кога ќе го достигне својот максимум, кој според извршниот директор се очекува да се случи за 6-7 години, ќе остварува извоз од околу половина милијарда евра.

– Но, исто така е важно тоа што тие разгледуваат можност да ја прошират инвестицијата со уште една дополнителна. Како можни локации се споменуваат постојната во Кичево, но и оваа во Штип – рече Мицкоски.

Максималниот број вработени се очекува да биде повеќе од 600 во период кога инвестицијата ќе го достигне својот максимум.

Сето ова, вели премиерот, ќе помогне дополнително во зголемување на БДП на македонската економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП со апел до угостителите: За претстојните празници работете во согласност со законите
Следна Статија Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално,…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски на Виенски економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во…

November 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат

Во последниот квартал минатата година трошоците за изградба на нови објекти во градежништвото за индивидувално домување се зголемиле за 0,7%…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?