Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
ЗАБАВА

Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

Објавено January 20, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97-то доделување на „Оскарите“, коешто ќе се одржи на 2 март оваа година. Оваа информација ја потврдија извршниот директор и претседателката на Академијата за филмски уметности и наука во САД, Бил Крамер и Џенет Јанг, пренесува „Н-1“.

„Конан е совршената личност за оваа улога, благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето ТВ-програми. Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на извонредните филмови и творци од оваа година“, се вели во соопштението.

На оваа вест реагираше и самиот О’Брајан.

– Америка тоа го бараше и сега тоа се случува. А, во другите вести: Јас сум домаќин на „Оскарите“! – изјави комичарот во свој стил.

Во јули претходната година беше објавено дека Џими Кимел, кој претходно четирипати ја водеше свечената емисија, одлучил да не биде домаќин на овогодишната свеченост.

Конан О’Брајан, роден 1963 година, е американски ТВ-водител, комичар, сценарист и продуцент, можеби најпознат како водител на својата емисија „Конан“ којашто се прикажуваше од 2010. до 2021 година. Пред да стане водител, О’Брајан работел како сценарист на популарната емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), како и на цртаната серија „Симпсонови“ – од 1991 до 1993 година.

О’Брајан стана водител на „Доцна навечер“ (Late Night) во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше. Потоа го водеше ноќното шоу цели 22 години. Познатиот водител е оженет со Елизабет Пауел со која има две деца – син и ќерка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен
Следна Статија Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат тестирани во животот во 2025 година

Универзумот работи на мистериозни начини во 2025 година, година обележана со космички промени, а некои хороскопски знаци ќе ја почувствуваат…

February 1, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Многумина го осудија однесувањето на Вил Смит за време на настапот: „Треба да се разведе“

Многу корисници на социјалните мрежи го критикуваат Вил Смит за „непримерното однесување“ со пејачката Индија Мартинез за време на нивниот…

February 27, 2025
ЗАБАВА

Почина познат актер од „Хари Потер“

Сajмон Фишер-Бекер, ценетиот британски актер чија енергија и сестран талент оставија неизбришлива трага на сцената, екранот и во срцата на…

March 10, 2025
ЗАБАВА

Колку би можела да чини новата GTA VI?

Иако до излегувањето на Grand Theft Auto VI останува нешто повеќе од една година, шпекулациите околу потенцијалната цена на еден…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?