Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
ЗАБАВА

Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот

Објавено November 8, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Принцот од Велс ја опиша изминатата година како „најтешката година“ во неговиот живот.

Зборувајќи со новинарите на крајот од неговата посета на Јужна Африка, принцот Вилијам говореше за тоа како се снашол откако и на неговата сопруга и на неговиот татко им бил дијагностициран рак.

– Беше страшно. Веројатно беше најтешката година во мојот живот. Така што беше многу тешко да поминам низ сè друго и да одржувам сè на вистинскиот пат, рече тој одговарајќи на новинарско прашање каква му била годината која беше тешка за кралското семејство.

Бакингемската палата во февруари соопшти дека кралот има рак и оти ќе почне со лекување. Само шест недели подоцна беше објавено дека принцезата од Велс е подложена на хемотерапија по дијагностициран рак.

Оттогаш, кралот се врати на јавните должности, а Кејт го заврши лекувањето со хемотерапија.

– Многу сум горд на мојата сопруга, горд сум на мојот татко за тоа како се справија со работите … Но, од лична семејна гледна точка, тоа беше брутално, рече Вилијам.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Во средата вечерта, пет проекти освоија по еден милион фунти парична награда за нивните еколошки иновации.

Тој исто така беше прашан за улогата на принцот од Велс и дали му се допаѓа слободата и одговорноста што ги носи.

– Тоа е незгодно прашање. Дали ми се допаѓа поголема одговорност? Не, рече тој.

– Дали ми се допаѓа слободата што можам да изградам нешто како Earthshot, тогаш да. И тоа е иднината за мене. Многу е важно со мојата улога и мојата платформа, да правам нешто за добро. Да им помагам на животите на луѓето и да правам нешто што е навистина значајно, рече британскиот принц. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД
Следна Статија Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Само 0,29 евра: Во Загреб продаваат сендвичи останати од концертот на Томпсон, одат како алва

Во продавниците во Загреб се продаваат сендвичи останати од концеротот на Томпсон минатата недела. Цената им е живо џабе, само…

July 11, 2025
ЗАБАВА

Пресметајте дали 2025 ќе биде ваша година

Пресметајте кој е вашиот годишен број и што треба да направите во 2025година. Според нумерологијата животниот век се сведува на циклус од…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

Популарниот американски музички магазин -Билборд, објави листа на најдобрите пејачки на 21 век, која предизвика многу различни реакции поради неочекуваните…

March 21, 2025
ЗАБАВА

Кога миленик станува бездомно животно: Последиците од напуштањето врз градот и општеството

Напуштањето на домашни миленици, особено кучиња, не е само лична или семејна одлука – тоа е чин што остава трајни…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?