Кошаркарски гениј: Неверојатен кош на Никола Јокиќ и нов трипл-дабл (ВИДЕО)

- Advertisement -

Никола Јокиќ одигра уште една неверојатна партија и забележа нов трипл-дабл, негов 150-ти, во триумфот на Денвер Нагетс над Сакраменто Кингс на домашен терен со резултат 132:123.

Јокиќ во петтиот последователен натпревар забележа трипл-дабл, овојпат забележа неверојатни 35 поени, 22 скока и 17 асистенции. Јокиќ заедно со својот речиси традиционалниот трипл-дабл направи необичен потег, а сега тоа беше кош од својата половина на крајот од третата четвртина. Тој ја прими топката на 1,7 секунди до крајот на четвртината на својата линија за три поени и шутираше, а топката „без коски“ отиде во противничкиот кош.

Јокиќ не ја прослави претерано таа чудесна тројка која беше изведена од шестата најголема дистанца во историјата на НБА, а по натпреварот беше запрашан на што мисли кога го изведе шутот.

Знаев дека ќе влезе“, се пошегува Јокиќ.

Сподели ја оваа статија