Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Каква и да биде одлуката за балансерот, нема да биде политичка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Каква и да биде одлуката за балансерот, нема да биде политичка
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Каква и да биде одлуката за балансерот, нема да биде политичка

Објавено October 8, 2024 15:54
Сподели
Сподели

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, е оптимист дека одредбите од Законот за административни службеници оспорени пред Судот, а познати во јавноста како балансер при вработување во администрацијата, ќе бидат укинати. Тоа значи дека во иднина, под секој оглас за вработување во администрацијата нема да стои националната припадност. Минатата недела, балансерот беше замрзнат до конечно одлучување, кое треба да се случи во среда, на седницата на Уставниот суд.

Претседателот на Уставен за весникот ВЕЧЕР изјави дека каква и да биде одлуката на Судот, нема да е политичка, туку правно издржана. Имаме чиста правна ситуација, смета Костадиновски, кој, пак, истовремено е и судија известител по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување корупција.

На последната седница, Судот донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници , Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавниот сектор – во делот „припадност на заедницата“, Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор, како и методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани
Следна Статија Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ги празнуваме светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денеска се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи:…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?