Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената

Објавено November 7, 2024 21:37
Сподели
Сподели

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.

Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.

Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.

Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.

Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.

Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.

Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со бројни средби во Будимпешта: Се бориме за нашите аргументи и за вистината, ќе продолжиме да се бориме за Македонија
Следна Статија Лоша карма: Кој се слика со Зеленски станува поранешен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Генерал Стојков за загинатите кај Карпалак: Да не заборавиме – слободата се плаќа со живот, а вие го дадовте најскапото

По повод 24-годишнината од нападот кај месноста Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 припадници на Армијата…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?