Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кратат на храна за да купат цигари: Македонија шампион во Европа по бројот на пушачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кратат на храна за да купат цигари: Македонија шампион во Европа по бројот на пушачи
ЗДРАВЈЕ

Кратат на храна за да купат цигари: Македонија шампион во Европа по бројот на пушачи

Објавено December 16, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Граѓаните кратат на храна, облека, здравје, домување и многу други основни потреби за да можат да купат цигари. Речиси половина од населението се активни пушачи, а тутунот има штетни здравствени последици и е значителен финансиски товар кој го влошува животниот стандард на многу семејства, а особено на оние со ниски примања. Ова е оценката на невладината организација „Аналитика“ по спроведеното истражување за тоа колку пари од семејниот буџет се трошат за цигари.

Проблематични се семејствата кои спаѓаат во ранлива категорија, односно имаат ниски приходи. Кај кои ако се на работ на сиромаштијата ќе ги доведе во секундарна сиромаштија. Трошењето пари на цигари го намалува трошењето на основните потреби како храна, образование и здравство – вели Тамара Мијовиќ Спасова од невладината организација „Аналитика“.

Пред неколку недели, Институтот за јавно здравје отвори телефонска линија за советување за откажување од пушењето. Линијата е активна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на која граѓаните имаат можност анонимно да добијат помош. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска смета дека за кратко време се бележи успех од активираната линија, вели дека се јавуваат граѓани од различна возраст кои бараат помош.

Навистина се јавуваат луѓе од секоја возраст. Јавувањето е анонимно. Не завршува се со еден повик, постојат протоколи кои се следат. Јас ги охрабрувам луѓето да се јават бидејќи веќе имаме резултати како откажани пушачи – изјави Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје.

Потребни се кампањи и едукации и за здравствените работници со цел и тие да можат да помогнат во поддршката на пушачите кои сакаат да се откажат.

Интензивно работиме периодов на подготвување на национален протокол за одвикнување од пушење за примарна здравствена заштита. Многу подостапни ќе бидат советите кои ќе ги даваат здравствените професионалци. Научни докази постојат дека и еден краток совет што ќе се даде на граѓанинот кој е активен пушач ќе има ефект – вели Катерина Ставриќ, Центар за семејна медицина.

Македонија е држава со 46 отсто пушачи од населението, што е најмногу во Европа. Многу заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возач прегази жена во Ченто, па избега
Следна Статија УЈП со апел до граѓаните закуподавачи: Пријавете го доходот остварен од закуп на недвижен имот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

49.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип

Сезоната на настинки и грип сè уште не започнала во полн ек, но интересот за превенција расте. Според податоците на…

October 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре во Скопје создале идеални услови за размножување на глувци и стаорци – познати…

October 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на празниците -Препораки од ИЈЗ за празниците Среќна Нова!…

January 1, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Доставени осум случаи до Интерната комисија, побаран надзор и од Лекарската комора

Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?