Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија
ХРОНИКА

Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија

Објавено November 10, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, која трет ден се води за исчезната. Според семејството, трагата ѝ се губи во Лисиче кога оди кон Вардар, информација која ја добиваат по преглед на камерите. Велат никогаш не се качила во автобус, тргнала пешки.

Семејството посочува дека е семејна жена, која немала никакви здравствени проблеми. За медиумите посочија дека била одговорна и не била конфликтна личност. Засега ниту тие не можат ни да претпостават што се случило со Лидија.

Познато е само дека освен теренска обиколка, информативни разговори, преглед на камери – пребарувано е и со дронови.

Имало и обид за изнуда на пари од семејството. Им пристигнала порака во која се бараат 500 евра во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија. Според информациите на „24 инфо“, полицијата веднаш открила за кого се работи со вештачење на телефонот и откриваат дека се работи за човек со криминално досие, затвореник за убиство, меѓу останатите кривични дела.

Лидија ја нема од петокот наутро, 8 ноември. На себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив на бројот 071 345 208 или полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмоќните природни антибиотици кои ги убиваат сите бактерии
Следна Статија Сијарто: Победата на Трамп може да донесе мир во Европа следната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра

Во вторникот, во 17 часот, во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Полицијата одзеде „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Кокаин и 37.000 евра пронајдени во полициска акција кај дилери од Велес

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител,…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?