Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс
ХРОНИКА

Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс

Објавено January 10, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток, објави „А1он“. Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка.

Кучето, кое подоцна го доби името Феликс, вчера угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.

Од МВР информираат дека пријавата е поднесена за кривичното дело „мачење животни“ според член 233 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К. (61), Б.Б. (64) и З.Д. (74), сите од Скопје. За дополнителни информации, обратете се до ОЈО Скопје,“ изјавија од МВР.

Според неофицијални информации, кучето било нападнато откако извршило нужда пред складиштето на фирмата. И покрај бројните пријави за слични случаи, досега во земјава нема осудителна затворска пресуда за „мачење животни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација
Следна Статија Познат фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Хоспитализиран е возачот на автобусот што изгоре во Сопиште

Возач на автобус на ЈСП Скопје е хоспитализиран поради вдишување чад, откако неговото возило се запалило во движење и целосно…

January 25, 2025
ХРОНИКА

Филмски грабеж кај патарината Миладиновци: Петмина со оружје ограбија возач

На автопатот „Пријателство“, во близина на наплатната рампа „Миладиновци“, 26-годишен жител на Кичево бил ограбен под закана со огнено оружје.…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Мвр со детали: Крмзов со 22 лица и 15 фирми осомничени за злосторничко здружување, за 94 милиони евра го оштетиле државниот буџет

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час

Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?