Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално оружје и муниција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално оружје и муниција
ХРОНИКА

Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално оружје и муниција

Објавено December 12, 2024 18:50
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.М. – полициски службеник, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „послужување во службата“ по член 356 од Кривичниот законик, против И.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик и против Р.М., поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело “прикривање“ по член 261, во врска со член 396 од Кривичниот законик. Првопријавениот М.М. и второпријавениот граѓанин И.М., набавиле и чувале во домот, каде живеат во заедница, една автоматска пушка и четири рамки муниција за автоматска пушка со вкупно 125 куршуми.

М.М. неовластено се послужил со муницијата и неовластено ја дал на друго место да се послужи второпријавениот и да ја користи како муниција за нелегалната автоматска пушка која ја држеле во домот. Третопријавената Р.М., при претрес во нивниот дом, оружјето и муницијата ги завиткала во ќебе и се обидела да ги качи на друг кат во куќата, но била затекната и спречена од полициските службеници. На тој начин, таа свесно автоматската пушка и муницијата, како предмети од кривично дело, пробала да ги прикрие или протури со цел да ги сокрие од полициските службеници кои го вршеле претресот. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник М.М. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА
Следна Статија Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување…

February 15, 2025
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
ХРОНИКА

11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп. Ученикот со тешки телесни…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за две кривични дела, Насилство од член 386 и Загрозување на…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?