Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии, итно донесување на измените на Законот за платежни услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЛДП: Граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии, итно донесување на измените на Законот за платежни услуги
ЕКОНОМИЈА

ЛДП: Граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии, итно донесување на измените на Законот за платежни услуги

Објавено November 3, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на измените на Законот за платежни услуги и платни системи по скратена постапка, со цел заштита на граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките. ЛДП вторпат ги поднесува овие измени, откако веќе еднаш минатата година поднесе иницијатива за истото прашање.

Оттаму велат дека според последните анализи, добивката на банките во вториот квартал од оваа година е зголемена за 35,3% во споредба со истиот период минатата година.

– Истовремено, граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии за услуги од секојдневието, како што се одобрување кредити, тековно одржување на сметки, проверка на состојба на трансакциска сметка, па дури и повлекување готовина од друга банка. Иако овие прашања делумно се предмет на интерната политика на банките, потребна е законска регулатива која ќе ги заштити граѓаните и ќе воведе поголема транспарентност и праведност во работењето – посочуваат од ЛДП.

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, нагласува дека со измените на Законот што беа поднесени минатата година, се предвидени конкретни мерки за регулирање на банкарските провизии, како и воспоставување на правна рамка за ограничување на трошоците кои банките ќе можат да им ги наметнуваат на граѓаните.

– Ако ова успееме да го оствариме, очекуваме видливо подобрување на општествената финансиската стабилност и правичност – смета Зајкова.

Измените на законот предвидуваат укинување на плаќањето надоместоци за затворање на сметка, укинување на трошоците за повлекување пари од други банкомати, онлајн плаќања и проверка на сметки, намалување на трошоците за подигнување на кредити и други предлог мерки за заштита на граѓаните во процесите на банкарското работење.

Таа повторно упати апел до сите пратеници од партиите во македонското собрание да гласаат и да го поддржат овој предлог-закон, со единствена цел – обезбедување праведен банкарски систем и заштита на интересите на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Месец на машко здравје – карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите
Следна Статија На ден на жалост имала настап: Српска фолк ѕвезда е на столб на срамот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Економијата на Кина продолжува да забавува: Малопродажбата и индустриското производство под очекувањата

Економските показатели на Кина во ноември ја покажуваат продолжената слабост на потрошувачката и производството, предизвикувајќи загриженост за економ

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?