Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија
ПОЛИТИКА

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Објавено January 24, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година до сега земала неверојатни 35 милиони евра тендери само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Годишно во просек оваа веледрогерија блиска до Венко Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери.

Онкологија и државата се заложници на оваа веледрогерија со огромни профити, која креира вештачки кризи секоја година“, потенцира во изјавата.

Венко Филипче јавно да излезе и да каже дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата која ја прави и дали тој стои зад истата. Го повикуваме ЈО веднаш да постапи и отвори случај, а истовремено да каже до каде е со истрагите од случајот „Диво месо“? додаде во изјавата Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се трговци со животи и души на луѓе и мора најостро да бидат санкционирани. Не смее да дозволиме оваа мафија на смртта да печали на грбот на народот, а особено не на болните од рак, кои секоја секунда живот повеќе им ја должат на лекарствата со кои оваа мафија тргува, додаде Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалување на јануарските плати за учесниците во штрајкот, велат од српското министерство за образование
Следна Статија Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот…

July 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија

СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на…

March 2, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?