Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина
ПОЛИТИКА

Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина

Објавено November 12, 2024 21:40
Сподели
Сподели

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше за актуелната тема во моментов која е загадениот воздух при што нагласи дека загадувањето е сложен проблем кој во голема мера е предизвикан од начинот на затоплување како на домаќинствата така и на јавните институции.

Во насока на решавање на овој голем проблем кој бара сеопфатно системско решение, Лефков посочи дека министерството за здравство веќе најави дека во десет болници ќе се промени начинот на загревање кој што моментално е на мазут.

„Загадувањето е еден сложен проблем кој што доаѓа и од начинот на греење на јавните институции и енергетските коишто се користат во управувањето со ѓубрето. Многу важно за ова е да се реализираат оние проекти кои што се однесуваат на промена на начинот на загревање на јавните институции, нешто што видовме дека го најави министерот за здравство, дека во десет болници ќе се промени начинот на греење на мазут затоа што тоа загадува дополнително”, рече Лефков.

Тој потенцираше дека е важно да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии како и секаде во светот кои што функционираат со селекција на отпад со инсенeратор.

„Важно е да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии затоа што од Италија до Шведска и насекаде на тој начин функционираат со селекција на отпад со инсенератор. А, важно е да напоменеме дека повикот за изградбата на регионалната депонија во источниот регион веќе е отворен, постои и го има на ЕУ тендер објавен е и трае до втори февруари. Има рок на изградба во неколку фази и вкупен рок на изградба во рок од 900 дена, односно три години и тоа е единствен начин постепено во државата, преку замена на горивата коишто се користат“, посочи Лефков.

Лефков истакна дека во изминатите седум години при анализа на извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на животната средина.

„Јас тоа го наоѓам како забелешка кога ќе ги погледнете извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела кои што се гонат во изминативе седум години од кривичните дела кои што се однесуваат на животната средина имаше нула кривични дела за кои што се постапува, неколку години во кои воопшто не се водеше грижа“ рече Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори – Скопје не е само град, тоа е душата на Македонија
Следна Статија Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

За руските пранкери Заев е најглупавиот политичар, крал на нивните шеги

Зоран Заев поранешниот прмеиер кој успеа „да падне“ на пранкерите Вован и Лексус мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко,…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?