Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството
СПОРТ

Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството

Објавено October 21, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на САД што се возеше во Остин, откако по моќниот старт брзо од четврто дојде до прво место, кое го задржа до самиот крај, без никаква закана да остане без него.

Италијанците имаат перфектна трка, со оглед што дојдоа и до второто место преку Карлос Саинц, кој ја потврди доминацијата на тимот од Маранело.

Крајот на трката донесе фантастична битка помеѓу најголемите конкуренти за шампионската титула, Ландо Норис и Макс Ферстапен, која на крајот беше решена со казна од стјуардите.

Возачот на Мекларен пред крајот успеа да го помине актуелниот првак, но тоа го направи со излегување од патеката, поради што доби казна од пет секунди.

Тоа значеше дека Норис иако целта ја мина како трет, на крајот ќе мора да се задоволи со четвртата позиција, додека возачот на Ред Бул дојде до последното место на пиедесталот.

Ферстапен сега има 354 бодови, 57 повеќе од Норис додека Леклер дојде до бројката од 275 бодови, со што се доведе во позиција да чека од „заседа“ кикс на двајцата најсериозни конкуренти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување
Следна Статија Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Борусија Дортмунд триумфираше на гости кај Мајнц

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата. „Милионерите“ ја…

September 27, 2025
СПОРТ

Барселона без Левандовски на двомечот со Интер и дуелите со Реал Мадрид

Барселона во клучните натпревари кои и им предстојат ќе биде без својот најдобар стрелец и лидер во тимот Роберт Левандовски.…

April 20, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против…

July 3, 2025
СПОРТ

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус (24) ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?