Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лотарија под Перпарим Бајрами ТРОШЕЛА МИЛИОНИ ЗА ЗАКУП, а давале еден куп пари и за спонзорства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лотарија под Перпарим Бајрами ТРОШЕЛА МИЛИОНИ ЗА ЗАКУП, а давале еден куп пари и за спонзорства
МАКЕДОНИЈА

Лотарија под Перпарим Бајрами ТРОШЕЛА МИЛИОНИ ЗА ЗАКУП, а давале еден куп пари и за спонзорства

Објавено January 22, 2025 11:28
Сподели
Сподели

АД Државна лотарија под водство на Перпарим Бајрами, поранешниот директор кој е недостапен за органите на прогонот, трошоците за услуги и за работење за една година ги има зголемено од 6 на 11 милиони евра, пренесе Фактор.

Како што наведуваат ова за прв пат може да се види откако акционерското друштво пред неколку дена го објави ревизорскиот извештај за своето работење од пред една година на платформата на „Македонска берза“. Таму пишува дека трошоците за работењето, односно за продажба, се зголемени од 361 милиони на 670 милиони денари до крајот на 2023.

Трошоците за закупнини се зголемени од 14 милиони на безмалку 54 милиони денари, односно 900.000 евра. Услугите за одржување пораснале од 11,3 на 31,1милиони денари. За реклами и промоции биле издвоени 130 милиони, а една година претходно тој трошок изнесувал 47,5 милиони денари. „Провизии за продажба“ како услуга е прикажана во висина од 105 милиони денари, а претходно за тоа биле платени околу 67 милиони. За транспортни и комунални услуги биле потрошени 700.000 евра, а една година пред тоа тоа било двојно помалку.

Спонзорствата и донациите биле речиси двојно зголемени од 25,6 на 48,2 милиони денари.  Ставката „платени посебни давачки и надомести“ изнесува 935.000 евра, а претходно за ова не биле платени ниту цели 300.000 евра. За „професионални услуги“ исплатен е речиси еден милион евра, а една година претходно само 350.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Глуп си како точак“: Најчевска упати погрдни зборови до Богојески, па замина од емисија
Следна Статија Мицкоски: За разврска на македонското прашање не се доволни победите во Македонија, мора да се победува и во Вашингтон, Брисел… (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза

Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со Доналд и Меланија Трамп: САД биле и остануваат наши искрени сојузници

Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска во Обвинителството: Кривичната е за предмет на ДКСК во нејзино време

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција и кандидатка за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, се појави во Основното…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?