Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година
ЗАБАВА

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Објавено February 6, 2025 19:13
Сподели
Сподели

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со државниот секретар, Марија Ѓоргова, ги посети институциите од областа на културата во овој град.

Министерот Љутков потсети дека Гевгелија вторпат, по 2011 година, е носител на оваа манифестација, а тоа ја потврдува посветеноста на градот повторно да биде во центарот на културните настани во Македонија.

„Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма со повеќе од 140 настани во текот на целата година, програма што ќе го освежи културниот живот во овој град“, рече министерот Љутков.

Љутков ја посети и Старата чаршија во Гевгелија, за чија комплетна реставрација, од буџетот на Владата се издвоени 40.675.095,00 денари, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија.

„Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови“, рече Љутков.

Според министерот Љутков, Гевгелија, со својата локација и природни убавини, привлекува многубројни туристи, а сега, како што рече,  со статусот Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање. 

Во рамките на посетата на Гевгелија, министерот Љутков, заедно со своите домаќини, ги посети НУ Музеј – Гевгелија и црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Форин офисот ги предупредува британските граѓани за зголемен тероризам во Македонија
Следна Статија Захарова: УСАИД е машина за мешање во работите на другите земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МСИ подготвува ултра-широк MEG X QD-OLED гејминг монитор за CES 2026

МСИ најавува флагмански монитор со 'AI гејминг' технологија пред почетокот на CES 2026

January 4, 2026
ЗАБАВА

Синот на Филипче матурант: Мисли два пати и остани скромен, му порача татко му!

Иво синот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, годинава е матурант, па по тој повод неговиот татко објави заедничка фотографија…

June 2, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Несреќа на турнејата: Шакира падна среде настапот, обожавателите ја пофалија нејзината реакција

На концерт во Монтреал, Шакира доживеа несреќа и падна на сцената за време на изведбата на нејзиниот познат хит Whenever,…

May 27, 2025
ЗАБАВА

Германски пензионер мора да врати 84.000 евра затоа што не штиклирал едно поле

Случајот на пензионер од Германија го отвори прашањето за одговорност при пријавување на социјални бенефиции и можните последици од неточни…

April 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?