Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Lynk & Co истовремено ги лансира 01 Plug-In хибридот и целосно електричниот 02: Нова ера на одржлива мобилност во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Lynk & Co истовремено ги лансира 01 Plug-In хибридот и целосно електричниот 02: Нова ера на одржлива мобилност во Македонија
Blog

Lynk & Co истовремено ги лансира 01 Plug-In хибридот и целосно електричниот 02: Нова ера на одржлива мобилност во Македонија

Објавено June 27, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Делфино Мобилити Груп, официјален увозник на Lynk & Co има двоен настап на македонскиот пазар, најновото издание на SUV 01 Plug-In хибрид и првиот целосно електричен модел на Lynk & Co во Европа crossover coupé 02. Со ова, брендот ја зацврстува својата визија за интелигентна, достапна и еколошка мобилност.

„Со лансирањето на Lynk & Co 02, Делфино Мобилити Груп го носи најдоброто за електричната мобилност во Македонија. Овој модел комбинира врвна технологија, динамичен дизајн и одржливост, прилагодени за потребите на македонските возачи. Во услови на растечки интерес за електрични возила, Lynk & Co 02 е идеален избор за сите кои бараат перформанси и паметни функции за секојдневна употреба“, велат од компанијата.

Што се однесува до претставувањето на новиот Lynk & Co 01 Plug-In хибрид, од Делфино Мобилити Груп велат дека овој модел не само што нуди напредна технологија и издржливост, туку и ја прави електрификацијата достапна за поширок круг на корисници.

„Веруваме дека со комбинација од врвниот дизајн, поврзаноста и иновативноста ќе го промениме начинот на кој луѓето размислуваат за автомобилите и нивната улога во современиот живот“, изјавија од Делфино Мобилити Груп.

01 Plug-In хибрид претставува еволуција на стилот и технологијата со тоа што има:
206 kW (276 КС) и 535 Nm вртежи
Потрошувачка 0,9 l/100 km и само 20 g/km CO₂ (WLTP)
17,6 kWh батерија за до 75 km целосно електричен досег
15,4-инчен HD екран + Snapdragon® 8155 процесор, 5G и OTA ажурирања
Нивоа на опрема: CORE – 41.990 евра| MORE – 46.990 евра
Бои: Crystal White | Mineral Green | Sparkling Black

Со прецизни, но суптилни промени во надворешниот дизајн, новиот 01 добива порафиниран и пософистициран изглед. Новата сјајна црна предна решетка, 19- и 20-инчните алуминиумски тркала и новите LED задни светла ја зајакнуваат неговата препознатливост и динамичен карактер. Новиот 01 е опремен со напредни системи за помош при возење (ADAS), вклучувајќи интелигентен темпомат, асистенција за одржување и менување лента, автономно итно сопирање, мониторинг на мртви агли и други, кои заедно создаваат безбедно и сигурно возачко искуство.

02 е првиот целосно електричен модел на Lynk & Co во Европа поставен на SEA електрична платформа и има:
200 kW (272 КС), 343 Nm; 0-100 km/h за 5,5 s
66 kWh батерија → 435 km (CORE) / 445 km (MORE)
DC брзо полнење 150 kW: 10 %–80 % за ~30 min
21 ADAS систем за активна и пасивна безбедност
Нивоа на опрема: CORE – 35.990 евра | MORE – 39.990 евра
Бои: Crystal White | Grey Grid | Cosmic Blue | Techno Magenta (црн кров)

Lynk & Co 02 ја користи новата дизајнерска филозофија инспирирана од концептот „The Next Day“, со аеродинамичен изглед и модерна, урбана естетика. LED светлата со анимации за добредојде и збогување, активната воздушна решетка, панорамски покрив и прозорци без рамки го прават моделот визуелно впечатлив. Со Lynk & Co 02, безбедноста добива нова димензија благодарение на најсовремениот пакет на напредни системи за асистенција на возач (ADAS) со дури 21 интегриран активен и пасивен систем.

Двата модела се одликуваат со смел визуелен потпис, 5G поврзаност, дигитален клуч и 360° камери. Внатрешноста користи рециклирани материјали ECONYL, а производството се напојува со 100 % обновлива електрична енергија.

Lynk & Co има цел до 2030 година најмалку половина од сите материјали да бидат од одржливи извори и да постигне нето-нула емисии до 2040 година.

Двата модела се изложени во салонот на Lynk & Co, кај Градскиот стадион, Градски парк – Скопје, каде сите заинтересирани ги очекуваат и специјални понуди за купување и финансирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МУЦУНСКИ: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит, стабилност и влијание
Следна Статија Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Шел го проширува присуството во Македонија со нова бензинска станица во Кавадарци

Шел со задоволство го најавува отворањето на нова бензинска станица на влезот во Кавадарци, лоцирана на улица „Методија Андонов Ченто“…

November 18, 2024
Blog

Цукерберг: Тажно е што Мета не може да го претстави напредокот во развојот на вештачката интелигенција во ЕУ

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, објави на социјалната мрежа Threads дека е „тажно“ што неговата компанија не може да…

December 19, 2024
Blog

Русија ја престигна Германија и стана најголем производител на пиво во Европа

Германија е најголемиот производител на пиво во Европа со години, но сега мораше да ѝ ја отстапи титулата на Русија.…

July 23, 2025
Blog

Тесла мора да плати 200 милиони долари отштета поради смртоносен судар со автопилот

Поротата во Флорида ја прогласи компанијата Тесла за делумно одговорна за фаталната несреќа во 2019 година, во која беше вклучен…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?