Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски го информирал НАТО за однесувањето на Бугарија за престојот на неговата сопруга и синот во Пампорово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски го информирал НАТО за однесувањето на Бугарија за престојот на неговата сопруга и синот во Пампорово
ПОЛИТИКА

Mицкоски го информирал НАТО за однесувањето на Бугарија за престојот на неговата сопруга и синот во Пампорово

Објавено June 23, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува позитивен развој во односите со Бугарија во контекст на евроинтегративниот процес, оценувајќи дека последните сигнали од Софија не даваат причина за оптимизам.

Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека ситуацијата, според него, дополнително се радикализира.

Не, не очекувам. Сигналите кои доаѓаат од таму не ме прават оптимист, напротив, состојбата се радикализира“, рече премиерот.

Тој како пример го посочи неодамнешното испраќање дипломатска нота од Бугарија, поврзана со престојот на неговата сопруга и малолетниот син во Пампорово.

Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека за случајот веќе ги информирал и партнерите од НАТО, оценувајќи дека со ваквиот потег се загрозува безбедноста на неговото семејство.

Со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата останува фокусирана на реформите и економскиот развој, без разлика на случувањата во односите со источниот сосед.

Ние да останеме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да ја испорачуваме реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата и да решаваме проблеми, изјави премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда
Следна Статија Каквo „иска“ Рада на Костадин Костадинов?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз…

February 1, 2026
ПОЛИТИКА

Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“

Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 април“, денеска информира дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител…

April 27, 2026
ПОЛИТИКА

Електронското гласање на дијаспората е антидемократско, смета СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе го блокира носењето на измените на Изборниот законик оценувајќи дека предложените…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?