Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски: Западен Балкан може да понуди годишно производство од 260 терават-часови обновлива енергија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Mицкоски: Западен Балкан може да понуди годишно производство од 260 терават-часови обновлива енергија
ЕКОНОМИЈА

Mицкоски: Западен Балкан може да понуди годишно производство од 260 терават-часови обновлива енергија

Објавено June 1, 2026 18:07
Сподели
Сподели

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје.

Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум денеска, со својот полн потенцијал, треба да даде идеи и заклучоци како понатаму и како овие предизвици да ги претвориме во наша можност.

– Западен Балкан во моментов ( Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија) можат да понудат отприлика годишно производство од 260 терават-часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија. Или ако ова го помножиме со некои, да речеме, стотина евра по мегават-час, тоа значи дека на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис, којшто и е потребен на Европа, е само една петтина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни  да се изградат овие капацитети кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ова е тоа што можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, рече Мицкоски.

Тоа, оцени, е неповратен процес и само од нас зависи дали ние ќе го препознаеме и дали ќе успееме да се вклуќиме во него. –  Дали ние како Западен Балкан ќе останеме да бидеме препознаени како регион којшто можеби понекогаш бара и милост, дали ќе ја заслужиме таа милост или не, тоа не зависи секогаш од нас, тоа е двонасочна улица, но ајде ние како Западен Балкан да ги понудиме овие можности, рече Мицкоски, најавувајќи дека за оваа нова иницијатива  ќе зборува на самитот во Тиват на 4-ти и 5-ти јуни.

Имаме, посочи, знаење, капацитет, добро сме поврзани и можеме ова да го понудиме.

Идејата за иницијативата, како што рече, е од изјавата од претседателката на Европската комисија, на инвестицискиот форум во 2025-та ЕУ-Западен Балкан, кога таа потенцираше дека „земјите од Западен Балкан  можат да станат центри за производство, складирање и споделување чиста енергија со останатиот дел од Европа“.

Според премиерот Мицкоски, оваа иницијатива ќе даде одговор на сите предизвици со коишто се соочуваме и ќе се соочуваме, но истовремено ќе ни создаде можност да се развиваме. 

Зборувајќи за енергетскиот потенцијал што ќе недостига  нагласи дека е важно дали ќе успееме тоа да го препознаеме и да бидеме препознаени и дали дел од ова парче бизнис ќе успееме да привлечеме.

Предвидувањата, наведе премиерот, се дека потребите од електрична енергија на европскиот континент до 2040-тата година ќе се зголемат за 22 проценти,  отприлика  1.000 терават-часови годишно дополнително повеќе. – И ова ќе недостига и ова ќе треба некој да го изгради, произведе и да го однесе до крајните конзументи, потрошувачите. Но, само по себе изградбата на производните капацитети не е доволна. Туку треба да сте подготвени, треба покрај тоа што ги градите производните капацитети, да инвестирате и во преносната мрежа. Дистрибутивната и високонапонската преносна мрежа којашто, просекот вели, во европскиот континент, 40-тина, 50-тина проценти од вкупната мрежа е постара од 40 години. Сето тоа има глад и жед за инвестиција, за нов капитал, така што кога сето ова ќе го заокружите и ќе го додадете на оние производни капацитети, тогаш слободно овие бројки за коишто јас денеска зборувам од аспект на пари, од аспект на бизнис, триплирајте ги. Тоа е отприлика потенцијалот со којшто денеска ние мораме да се справиме, односно претставува предизвик на човештвото, рече Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Му здосади на Тајланд: Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка
Следна Статија Легендата на Партизан Мијатовиќ си поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Како што се заострува „војната за AI таленти“ меѓу компании како OpenAI, Meta и Anthropic, Гугл еден од начините да…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економија и труд. Вработените останаа без пристап до интернет и без пристап до…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?