Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?
ПОЛИТИКА

Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?

Објавено April 3, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниска говорница денеска покажа документи поврзани со партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев.

Мицоски тврди дека Левица на 26.11.2024 година купила деловен имот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица зад седиштето на зградата на компанијата А1, верувале или не, за цена од 200.000 евра. Зошто ова е кривично дело, професоре? Сега ќе ви кажам. Затоа што, Град Скопје ви пресметал данок од 709.000 денари. Ова кривично дело е преку универзална инцестициона банка. Познат ви е овој објект во Скопје?“

Град Скопје во проценката на имотот проценил дека тој вреди многу повеќе, односно 1150 евра за метар квадратен.

– Ги повикувам институциите да проверат дали има основа за кривично дело и дали Левица сторила кривично дело така што купила простор по цена од 721 евра за метар квадратен, а тој простор всушност вреди најмалку три пати повеќе? А од друга страна, Град Скопје тврди дека овој простор вреди најмалку 50% повеќе од сумата што е платена. Господине Апасиев, кога станува збор за кривични дела, се надевам дека органите ќе имаат можност длабински да истражат што е тоа што претставува кривично дело, но тоа што јас можам да ви го кажам е дека со криминалците нема играње, вклучително и со оние кои се потенцијални криминалци. Без разлика од која политичка партија доаѓаат, дали се од СДСМ, дали се од ДУИ, Левица или од ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски.

Апасиев, пак, одговори дека партијата Левица купила подрумски простории со приземје и дека тоа е причината за ниската цена.

– Почитуван премиер, прво, Димче може да ме вика само мајка ми, а не вие. Второ, ова што го правите е синдром на дива коза. Зборувате за сѐ освен за тоа што ве прашав. А тоа што ве прашав е всушност констатација дека вашите часовници вредат повеќе од таа зграда. Ние купивме подрумски простории со приземје, ете затоа е толкава сумата. Уште утре да ни поднесете кривична пријава, исто како што јас следната недела ќе поднесам против вас. Па нека ме повикаат во полициска станица и оној вашиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски нека дојде да ме испрашува. А замислете, сето ова го кажува премиер на партија која е побогата од партијата на Ангела Меркел. Скријте се таму и немојте вие да зборувате за чесност – одговори Апасиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага
Следна Статија Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mу го прекинаа раатот во Дубаи: Заев се врати во Струмица да ја дозакопа СДСМ пред избори

Поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев на една недела пред изборите реши да го прекине престојот во Дубаи и да…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор

Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата не…

July 5, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија

Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против…

December 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?