Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел

Објавено November 4, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?

– Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив, се наведува во најавата за настанот.

Се очекува Самитот да испита дали хоризонтот на проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западниот Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

– Дали ЕУ е подготвена да биде поголема и поразновидна во иднина? Може ли да ги исполни своите ветувања, а воедно и да ги почитува своите вредности, се додава во најавата.

Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ, на еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и на претседатeлот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и на членот на овој Комитет, Марк Ботенга

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници
Следна Статија Сиљановска за средбата со Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка ниту за двор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Не им бил дозволен влез во земјава: Пијани навивачи од Словачка дивееле на лет за Македонија

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија, сметаат граѓаните, покажува најновата анкета на ИПИС. На прашањето:…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?