Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 
МАКЕДОНИЈА

Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 

Објавено November 8, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Магдалена Алексовска дипломира на колеџот „Вагнер“ во Њујорк, САД, и за кратко време успеа да ја добие работата од своите соништа во славната „Метрополитен опера“.

Магдалена е пејачка, кантавторка и флејтистка која студираше музика како стипендистка на престижниот „Вагнер“ во Њујорк. На пошироката јавност ѝ стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени“. Пред тоа ѝ се претстави и на европската јавност, кога со своја авторска песна „Плетенка“ ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2015 година во Софија. Нешто потоа на „Американ протеже“ во Њујорк ја доби шансата да запее на најголемата сцена во „Карнеги хол“, во „Исак Стерн аудиториум“. 

Ти си првата музичарка од Македонија што заврши на „Вагнер“ во САД, како го доживуваш тој момент?

– Привилегија и чест е да сум алумни од „Вагнер“, тоа многу значи. Сè уште не ми е верно дека сум дипломиран вокален уметник на „Вагнер“ и дека се поминати речиси четири години откако сум дојдена во САД. За мене, дипломирањето на „Вагнер“ е остварување на еден голем детски сон. Мило ми е што сум првата Македонка што заврши тука и се надевам дека ќе има уште многу Македонци после мене што ќе го одберат овој факултет. 

Веднаш по дипломирањето се вработи во „Метрополитен опера“, како изгледа работата од соништата?

– Работата од соништата бара многу труд, знаење и способности кои јас ги стекнав во текот на моето школување и работа на „Вагнер“ во изминативе четири години. Америка функционира многу поразлично од Македонија, можностите се многу големи, но и конкуренцијата е фасцинантно поголема. За да успеам да влезам во „Метрополитен опера“, ова лето го поминав аплицирајќи на повеќе од 400 работни места, од кои 10 беа токму за оваа институција. Во моментов сум дел од администрацијата на „Метрополитен опера“. Како дел од оваа институција, влезот го делам со целиот тим на „Метрополитен опера“, со сите големи актери, оперски, режисерски и композиторски имиња. За само четири недели имав шанса да се запознаам со Александра Курзак, Ерин Морли, Квин Келси, Надин Сиера и многу други. Средбата со нив за мене беше фантазија… сон, а сега во нивно друштво можам да испијам кафе. Ја имав и честа да стапнам на сцената, од која се надевам дека во скоро време ќе можам да ја воодушевувам њујоршката публика.

Пееш, свириш, пишуваш… Кога осозна дека музиката ќе биде твојот животен избор и што влијаеше врз тој избор?

– Откако знам за себе, јас сум опкружена со музика. Дали при средување на домот се пеат песните на Тоше или пак „О соле мио“ ечи низ куќата, музиката секогаш ме опкружувала и ме следела. На седум години почнав во „Златно славејче“, а по една година почнав во „Илија Николовски-Луј“ во нижо музичко каде што шест години изучував флејта. Низ тие години ја добив шансата преку проф. Весна Димчевска, диригент на хорот „Пиколо“, да бидам дел од детскиот фестивал „Славјански базар 2013“ во Витебск, Белорусија. Таму го имав првиот настап во живо каде што првпат во мене се разбуди чувството дека сум родена за да бидам на сцена. Тоа беше само почетокот. Потоа секој нареден натпревар, настап, концерт, фестивал само ми потврдуваше дека моето место е во музиката и дека ова е мојот пат.

Дали настапот во „Карнеги хол“ пресуди да останеш да се образоваш во САД? 

– Желбата за студии во САД се роди кога имав 12 години, што влијаеше врз одлуката да одам на аудиција за светски натпревар во САД. Настапот и наградата во „Карнеги хол“, како и четирите дена што ги поминав во волшебниот Њујорк, беа потврда дека таа желба сѐ уште е будна и ми го потврдија местото каде би сакала да бидам за време на студиите.

Линк до цело интервју.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки
Следна Статија (ФОТО) Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Декември со високи температури и густа магла во котлините

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

На панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?