Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот
МАКЕДОНИЈА

Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

Објавено January 7, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози во светот за 2024 година што ја прави Светскиот синолошки центар на Пекиншкиот јазичен универзитет.

Станува збор за годишна ранг листа на 10 научници што оствариле исклучителен придонес во научната област на синологијата во таа година, изработена од страна на Светскиот синолошки центар при Пекиншкиот јазичен универзитет.

Листата е објавена пред три дена.

Радев дипломирал класични јазици на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирал лингвистика и докторирал кинеска филологија на Нормал универзитетот во Пекинг.

Добитник е на кинеската државна награда „Кинеска награда за особен придонес во литературата” (највисокото признание во Кина на книжевно-културно поле што може да биде доделено на странски државјанин), на наградата „Григор Прличев” доделена од Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за преводот од древнокинески на македонски, и на наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада
Следна Статија Груби доби отказ од универзитет поради неразумно отсуство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

Најмалку 65 милиони евра штета врз буџетот на Македонија утврдиле инспекторите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?

На денешен ден, пред точно 39 години, на 15 јуни 1986 година, Македонија остана без вториот поглавар на Македонската православна…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се надминат меѓусебните делби и да се обединиме: Сиљановска Давкова го честита 11 Октомври

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. 11 Октомври е…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?