Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
МАКЕДОНИЈА

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба

Објавено October 23, 2024 09:22
Сподели
Сподели

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија.

Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.

Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети.

Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Владина делегација во 11 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје, исто како и собраниската делегација составена од потпретседателот, Антонијо Милошоски и пратеничката Емилија Ангелова.

Државната награда „23 Октомври“ ќе биде, исто така, доделена денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 12 часот. 

Добитник на наградата „23 Октомври“ годинава е поетот Славе Димоски, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се помилуваните лица од страна на претседателката Силјановска Давкова
Следна Статија Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје 6-ти најзагаден град во светот

Скопје утрово на шестото место по загаденост на воздухот во светот со индекс на загадување од 155, според последните податоците…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце утре ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?