Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ја совлада Естонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија ја совлада Естонија
СПОРТ

Македонија ја совлада Естонија

Објавено November 6, 2024 23:30
Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација потешко од предвиденото ја совлада Естонија со 37-33 (20-20), во првиот натпревар од евро-квалификациите. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ се играше пред неисполнета сала и со далеку подобри напади од одбрани на двете селекции.

Без Митревски и Талески и со Филип Кузмановски како нов капитен македонската селекција ги пречека мотивираните Естонци. Кизиќ почна меѓу стативите, а Павле Атанасијевиќ го отвори резултатот. Кузмановски со три седмерци се наметна и во четвртата минута веќе беше 4-1. Првиот погодок во националниот тим на официјален натпревар го постигна Петковски од крилната позиција за 7-4 во 10. минута.

Во ритам влезе и Марко Митев и со два гола во негов стил ја одржуваше разликата од 2-3 гола. Сепак, Тум и Варул полека ја разбиваа нашата одбрана и одржуваа мало заостанување. Мартин Серафимов со два гола одлично влезе во мечот, но Естонците лесно наоѓаа „дупка“ во нашата одбрана и постигнаа голем број на лесни голови. Јирген Роба од контра погоди за 16-15 во 23. минута. Естонската игра започна да загрижува и при 19-19 селекторот Лазаров повика тајм-аут. Со таква инерција заврши првиот дел, а Македонија на одмор заминаа без предност (20-20).

На почетокот на вториот дел Естонија првпат поведе и со брза игра започна да ги загрижува нашите фанови на трибините. Лазаров повика минута одмор во 40. минута на -2 и веднаш дојде реакцијата. Серафимов и Џонов погодија и брзо натпреварот пак дојде во егал. Кизиќ на голот и Џонов од транзиција ја вратија предноста и Јанар Маги повика тајм-аут. Серафимов со три гола и Кизиќ со две одбрани го вратија натпреварот во мирни води и во 47. минута Македонија веќе водеше со 31-28.

Со концентрирана игра во одбрана и гол на Велковски во 50. минута македонската селекција дојде до највисоки +5. Следеше нереализиран седмерец на Кузмановски и исклучување на Карасманакис и Естонците намалија на 34-31 во 55. минута. Без драма нашата селекција го одби последниот естонски напад и извојува победа од 37-33.

Најефикасни во нашиот национален тим беа Серафимов со десет и Митев и Кузмановски со по седум гола, а кај Естонија одличен натпревар одигра Карл Тум со единаесет погодоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден му честиташе на Трамп за победата на изборите и го покани во Белата куќа
Следна Статија Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар се врати на првото место на табелата

Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1.…

November 9, 2025
СПОРТ

Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина Копенхаген каде задутре игра екстремно важен бараж меч за пласман на СП.…

March 24, 2026
СПОРТ

Рајо не го заборава: Цел стадион во Ваљекас му аплаудираше на Димитриевски

Столе Димитриевски и неговата Валенсија гостуваа кај Рајо Ваљекано во рамки на колото во Примера, а специјален момент имаше за…

April 20, 2025
СПОРТ

Јамал останува во Барселона до 2031 година

17 годишниот светски фудбалски бисер Ламин Јамал го продолжи договорот со шпанскиот шампион Барселона до 2031 година, соопштија од клубот…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?