Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
МАКЕДОНИЈА

Македонија одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Објавено February 4, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија,…

Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

Роденденот на Гоце Делчев ќе биде одбележан и во Штип. Пред спомен – бистата во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село ќе биде положено цвеќе, по што беседа за македонскиот револуционер ќе одржи проф. д-р Ана Витанова – Рингачева, а предвиден е настап на Академски хор на Музичка академија при УГД – Штип и Универзитетскиот ансамбл „Македонија“.

На годинашното чествување не е најавено доаѓање на официјална делегација од Бугарија.

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вчера изјави дека заедничко одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе нема, бидејќи Бугарија не добила покана од Македонија.

– Ако прашањето е зошто нема да има заедничко чествување, тоа е затоа што не сме добиле покана за такво нешто. Последното такво чествување беше откако се потпиша Договорот за добрососедство во 2017 година. Но, во овој момент немаме покана од Република Македонија заедно да го чествуваме тој ден, рече Георгиев.

Прашан дали со заедничкото одбележување би можеле да се повторат тензиите од 2023 година, тој посочи дека „историјата треба да обединува, а не да разделува“.

Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација окол

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Верижна сообраќајка на „Илинденска“, автомобили се судриле и на „Партизанска“
Следна Статија Почувствуван земјотрес во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?