Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија во очекување на Извештајот за напредок на ЕК: Пред 15 години во истиот добивме препорака за преговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија во очекување на Извештајот за напредок на ЕК: Пред 15 години во истиот добивме препорака за преговори
МАКЕДОНИЈА

Македонија во очекување на Извештајот за напредок на ЕК: Пред 15 години во истиот добивме препорака за преговори

Објавено October 30, 2024 10:10
Сподели
Сподели

Европската комисија денеска треба да го објави Пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на 10-те земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ за 2024 година, меѓу кои и за Македонија. Првиот позитивен извештај со препорака за отпочнување на ЕК беше веќе далечната 2009-та година. Тогаш, Бугарија не беше проблем. Проблем беше Грција.  Пред 15 години добивме препорака за преговори и оценка дека ги исполнуваме сите услови за членство во ЕУ, во време кога Албанија не беше ни на дневен ред на ЕУ, Хрватска уште преговараше, а Србија и Црна Гора не ни имаа таква препорака.

Како што најави вчера портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, откако „Пакетот за проширување“ ќе биде усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Еврокомисијата секоја година усвојува и презентира „Пакет за проширување“, кој опфаќа збир на документи што ја објаснуваат политика за проширувањето на ЕУ и се прави преглед на случувањата во текот на изминатата година.

Во Пакетот се анализира напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат.

Во прилог на главниот документ, Пакетот содржи и детални одвоени извештаи за напредокот во реформите во секоја земја кандидат и потенцијален кандидат, како и препораки и насоки за реформските приоритети.

Во делот за земјава се очекува да се изрази поддршка на нејзината европска перспектива зачинет со веќе константната фраза за ставот кој постојано се вергла од ЕК и е изнесен во заклучоците од Самитот на ЕУ дека „Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, веднаш штом таа ќе ја спроведе својата заложба за комплетирање на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година“. Иако, ова нема врска со копенхагеншките критериуми и е уникатен пример на преговори со земја кандидат, на која во низа и се поставуваат несуштински, билатерални услови. На страна што обврските се преземени од нелигитимна влада на СДСМ и ДУИ која на претходните локални избори доживеа целосен дебакл приреден од граќаните, целосно потврден и уште поизразен на следните парламентарни избори. Факт кој го нема во Извештајот, а кој вели дека тогашната влада сега заедно има само една четвртина пратеници од Собранието.

Во делот на добрососедските односи, пак однапред се знае дека Брисел, по навика, ќе ја нагласи „потребата од почитување на билатералните договори“, вклучително и Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија..

Во основниот дел на Пакетот, ЕК ќе ја реафирмира својата посветеност на проширувањето како „геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот“ во услови на новата геополитичка реалност и да им сугерира на земјите аспиранти за членство максимално да ја искористат нова динамика во процесот.

Исто така, се очекува и да биде повторен ставот дека проширувањето е процес заснован на заслуги и на остварување на конкретни резултати и реформи, како и заложбите за поддршка на земјите аспиранти во исполнувањето на критериумите за членство преку соодветни инструменти, меѓу кои и Планот за раст на Западниот Балкан, и за унапредување на принципот на нивна постепената интеграција уште пред полноправното членство.

Меѓу клучните реформски напори, веројатно бидат посочени оние поврзани со владеењето на правото, регионалната интеграција, добрососедските односи, помирувањето и решавањето на билатералните спорови.

Покрај за земјава, Пактот ќе содржи извештаи и за напредокот на Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Метар квадратен во „Белград на вода“ 9.125 евра, најскапиот платен паркинг 60.000 евра
Следна Статија Обилни поплави во Шпанија, најмалку 13 загинати (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени“ истакна дека законот е јасен и тој гласи…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и австралиската компанија „Пела глобал лимитед“, од Перт, почнаа бизнис-соработка преку фирма што…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска испрати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?