Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс
МАКЕДОНИЈА

Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс

Објавено December 7, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Британскиот весник Тајмс ја наведе Македонија како „восхитувачка туристичка дестинација“ во листа во која се наброени и лагуни во Исланд, францускиот гастрономски замок Белет и луксузни одморалишта во Дубаи.

Понудата на која Тајмс се фокусира во Македонија е компанијата Шар Аутдорс, која нуди ски авантури на Шар Планина.

– Формирана од група на домашни авантуристи, кои израснале во македонските планини, Шар Аутдорс овозможува адреналински уживања. Тие добро го познаваат задоволството на скијање по длабок снег, низ недопрени терени, и со задоволство ќе ве понесат на скијање, планинарење, возење со електрични велосипеди или истражување на планината со сродни посетители, пишува Тајмс.

Весникот додава дека 16-те водичи на Шар Аутдорс имаат меѓу 6 и 10 годишно искуство во организирање тури низ планината и применуваат високи безбедносни стандарди за своите посетители.

Прилогот е илустриран со фотографија од една од нивните типични авантури – посета на недопрени делови на планината со ратрак, по што гостите можат да скијаат низ длабок снег.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Насилно влегол во планинарскиот дом „Караџица“ и предизвикал пожар
Следна Статија (Видео) Трамп стигна во Париз, се сретна со Макрон и Зеленски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети насочени…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Проф.Груевска им одговори на албанските интелектуалци: Не може јазик што не го разбираат 75 посто од населението да биде на исто рамниште со македонскиот

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?