Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз
ХРОНИКА

Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз

Објавено January 29, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари, нформираат од Царинската управа на Македонија.

Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари. Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронајдоа луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење, стои во соопштението на Царината.

Еве што друго запленила Царината

  • Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим пронајде 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи.
  • Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце откри 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот.
  • Брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата се спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи.
  • Мобилен тим на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.
  • На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло.
  • 56 женски чанти се пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам задвижување на македонската економија
Следна Статија Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен е Раде Трајковски Штекли

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Инцидент на Скопскиот аеродром

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Жена ги нападнала свекрвата, сопругот и золвата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.С.(22) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?