Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Објавено January 9, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.

Printscreen / henleyglobal.com/passport-index

Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји може да се влезе со него без виза.

Printscreen / henleyglobal.com/passport-index

Македонија го дели 40. место со Црна Гора и Маршалските Острови. Од регионот најдобро позиционирани се Грција на шестото и Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија 34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хрцеговина на 44, а на Косово е 63-ти.

Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур, бидејќи овозможува патување без визи во вкупно 195 од 227 држави и територии ширум светот. Втор е јапонскиот пасош (193 земји), на третото место се Финска, Франција, Германија, Италија, Јижна Кореја и Шпанија (192), на четврто се Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска (191), на петото се Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Велика Британија (190), шести се патните исправи на Австралија и Грција (189), седми Канада, Малта и Полска (188), а осми на Чешка и Унгрија (187). Американската патна исправа е на деветото место, што го дели со Естонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 186 земји, а листата на топ 10 најмоќни пасоши ја заокружуваат Летонија, Литванија, Словенија и Обединетите Арапски Емирати.

На дното на листата се Ирак чии граѓани можат без визи да патуваат во 31 земја, Сирија – во 27 и Авганистан – во 26 земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешка ждрепка за Ѓоковиќ на Австралија опен
Следна Статија Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

250 евра ќе биде казната за родителот чие дете е насилно во училиште

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шест месеци од трагедијата во Кочани, „Марш на ангелите“ и протест во Скопје

Шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица се навршуваат денеска.…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?