Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
СПОРТ

Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации

Објавено October 13, 2024 17:25
Сподели
Сподели

Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува уште еден гостински натпревар во Лигата на нации во кој со нова победа ќе го обезбеди првото место во групата Ц4 и ќе обезбеди промоција во Б дивизијата.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток во 18 часот се првопласирани на табелата со седум бодови, три повеќе од второпласираната Ерменија, која во четвртокот одигра реми 2-2 на гостувањето во Фарски Острови.

Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.

Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес
Следна Статија Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Њујорк Метси го стекнаа Луис Роберт Јуниор во голема размена

Долгоочекуваната трговска размена на Луис Роберт Јуниор конечно се случи во MLB лигата.

January 22, 2026
СПОРТ

Милевски верува дека Македонија може да ја изненади Белгија: Покажавме дека можеме да играме против сите

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД,…

October 2, 2025
СПОРТ

Конте ќе остане во Наполи

Додека во Наполи се уште трае еуфоријата поради освојувањето на Скудетото, навивачите во градот под Везув добија уште една вест…

May 30, 2025
СПОРТ

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете…

November 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?