Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар
СПОРТ

Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар

Објавено January 22, 2025 16:53
Сподели
Сподели

 Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14.

По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22. Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при 27:27, а во следниот напад Австрија реализира за водство. Марко Митев изедначи, за на четири секунди до крајот противникот да постигне гол. Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.

Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со шест и Жарко Пешевски со пет гола.

На овој натпревар „Фалангата“ беше помалубројна во однос на натпреварите од групната фаза, но повторно им даваше голема поддршка на македонските ракометари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Некои земји во Европа силно лобираат против Србија
Следна Статија За три хороскопски знаци почна период на финансиски напредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Навивачите на Вардар и Пелистер им оддадоа почит на загинатите кај Карпалак

  Навивачките групи на Вардар и на Пелистер им оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, на годишнината од…

August 9, 2025
СПОРТ

ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите.…

October 2, 2025
СПОРТ

Иџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната…

September 22, 2025
СПОРТ

Битола ќе гори, почнува Лигата на шампионите, прв противник е Загреб

Ракометарките на македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ја стартуваат новата сезона во Лигата на шампионите. Противник им е хрватскиот шампион…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?